Bible Study: FrontPage




 

1 Летописи, Chapter 15

Bible Study - 1 Летописи 15 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви место за Ковчегот Божји и направи скинија за него.
  
2. И рече Давид: "Никој не смее да го носи Ковчегот Божји, освен левитите, бидејки нив ги избра Господ, за да го носат Ковчегот на Бога и да му служат засекогаш."
  
3. И ги собра Давид сите Израилци во Ерусалим, за да го внесат Ковчегот Господов на местото негово, што беше го поставил за него.
  
4. Па ги свика Давид синовите Аронови и левитите:
  
5. од синовите Каатови, началникот Урил и браката негови - сто и дваесет души;
  
6. од синовите Марариеви, началникот Асаија и браката негови - двесте и дваесет души;
  
7. од синовите Гирсонови, началникот Јоила и браката негови - сто и триесет души;
  
8. од синовите Елисафанови, начланикот Семеја и браката негови - двесте;
  
9. од синовите Хевронови, началникот Елиила и браката негови - осумдесет;
  
10. од синовите Озиилови, начланикот Аминадава и браката негови - сто и дванаесет.
  
11. И ги повика Давид свештениците: Садока и Авијатара, и левитите: Урила, Асаија, Јоила, Семеја, Елиила и Аминадава,
  
12. и им рече: "Вие, началници на левитските родови, осветете се, вие и браката ваши, и однесете го Ковчегот на Господа, Бога Израилев, на местото, што сум му го подготвил;
  
13. и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, не рааздели, затоа што не Го баравме, како што требаше."
  
14. И се осветија свштениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господа, Бога Израилев.
  
15. И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше заповедал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови.
  
16. Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браката свои певци со свирки - псалтири, гусли и кимвали, да разгласат со висок радосен глас.
  
17. Левитите го поставија Јоиловиот син Етана, и од бракате негови - Варахиевиот син Асаф, а од синовите Мерариеви, нивни брака - Кисеовиот син Етан;
  
18. и со нив браката нивни, второстепени: Захарија, Озила, Семирамота, Јеила, Ананија, Елијава, Ванеја, Масија, Мататаија, Елифала, Макенија и Авдеда, Јеила и Озија вратари.
  
19. Еман, Асаф и Етан свиреа високо на бакарни кимвали,
  
20. а Захарија, Озиил, Семирамот, Јехил, Ананиј, Елиав, Масија и Ванеја - на псалтири, со тенок глас.
  
21. А Мататија, Елифала, Макенеј, Авдедом, Јеил и Озија - на гусли, за да преземаат.
  
22. Хоненија, пак, началник левитски, беше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето.
  
23. Варахија и Елкана беа вратари при Ковчегот.
  
24. Совенија, Јосафат, Натанаил, Амасија, Захарија, Ванаја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред Ковчегот Божји. Авдедом и Јехија беа вратари при Ковчегот.
  
25. И така Давид и старешините Израилеви и иљадниците отидоа да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од домот на Авдедома со веселба.
  
26. И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа Ковчегот на заветот Господов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни.
  
27. Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, како и певците што го носеа Ковчегот, Хоненија, кој раководеше со свирачите и со певците. Давид носеше и ленен ефод.
  
28. И така сиот Израил го внесуваше Ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејки на псалтири и гусли.
  
29. Кога Ковчегот на заветот Господов влегуваше во Давидовиот град, Мелхола, Сауловата керка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES