Bible Study: FrontPage




 

1 Цареви, Chapter 13

Bible Study - 1 Цареви 13 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Е ете, според словото Господово, дојде еден божји човек од Јудеја во Ветил во она време, кога Јеровоам стоеше пред жртвеникот, за да прекади.
  
2. И произнесе кон жртвеникот слово Господово, велејки: "Жртвенику, жртвенику! Вака вели Господ: ‘ете, во Давидовиот дом ке се роди син по име Осија; тој ке ги принесе врз тебе во жртва идолските свештеници, што кадат врз тебе, и ке изгори врз тебе човечки коски."
  
3. И во оној ден тој покажа знак, велејки: "А, еве, знак, дека Господ го рекол тоа: овој жртвеник ке се урне, и пепелта, што е на него, ке се развее.‘"
  
4. Кога цар Јеровоам го чу словото на Божјиот човек, изговорено пред жртвеникот во Ветил, ја пружи раката од жртвеникот и рече: "Фатете го!" Тогаш раката негова, што ја беше пружил кон него, се здрви и не можеше да ја тргне кон себеси.
  
5. И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово.
  
6. И царот Јеровоам му рече на Божјиот човек: "Умилостиви го лицето на Господа, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката." Човекот божји Го умилостиви лицето Господово, и раката се поврати и стана како порано.
  
7. Тогаш царот му рече на божјиот човек: "Дојди со мене дома да се поткрепиш; ке ти дадам да јадеш, и ке ти донесам подарок."
  
8. Но Божјиот човек му одговори на царот: "Да ми дадеш и половина од домот свој, нема да дојдам со тебе, нема да јадам леб и нема да пијам вода во тоа место,
  
9. зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‘не јади таму леб, не пиј вода и не се вракај по патот, по кој си одел.‘"
  
10. И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил.
  
11. Во Ветил живееше еден пророк - старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа се, што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татка си и зборовите, што тој му ги беше кажал на царот.
  
12. И татко им ги праша: "По кој пат си отиде?" А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек, што дошол од Јудеја.
  
13. Тогаш тој им рече на синовите свои: "Оседлајте ми го оселот." Тие му го оседлаа оселот, и тој се качи на него.
  
14. И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи по еден даб, и го праша: "Ти ли си Божјиот човек, што доа а од Јудеја?" Оној одговори: "Јас сум."
  
15. Тогаш му рече: "Дојди кај мене дома и касни леб."
  
16. Оној му одговори: "Не можам да се вратам со тебе и да дојдам при тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место,
  
17. зашто преку словото Господово му е речено: "не јади леб и не пиј вода таму, и не се вракај по патот, по кој си одел."
  
18. Тој му рече: "И јас сум таков пророк како тебе и ангелот ми говореше преку словото Господово и рече: ‘врати го во домот свој; нека касне леб и нека пие вода.‘" Но тој го излага.
  
19. И оној се врати со него, касна леб во куката негова и се напи вода.
  
20. Кога тие уште седеа на трпезата, би словото Господово кон пророкот, што го беше вратил.
  
21. И тој изговори кон Божјиот човек, што беше дошол од Јудеја и рече: "Вака вели Господ: ‘затоа што не се покори на устата Гсоподова и не ја запази заповедта, што ти ја беше дал Господ, Бог твој,
  
22. туку се врати, јадеше леб и пиеше вода на ова место, за кое Он ти беше рекол - не јади леб и не пиј вода, телото твое нема да влезе во гробницата на татковците твои.‘"
  
23. Откако оној јадеше леб и се напи вода, тој го оседла оселот за пророкот, што го беше вратил.
  
24. И оној си замина. На патот го сретна лав и го умртви. Телото му лежеше испружено на патот; оселот, пак, стоеше до него, а лавот стоеше до телото.
  
25. И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во градот, во кој живееше пророкот - старец.
  
26. Откако го чу тоа пророкот, што го беше вратил од патот, рече: "Тоа е оној човек Божји, што не ја послуша устата Господова; Госопод го предаде на лав, што го нападнал и го усмртил, според словото Гсоподово, што му беше кажано."
  
27. И им рече на синовите свои: "Оседлајте ми го оселот." И го оседлаа.
  
28. Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а оселот и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал оселот.
  
29. Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на оселот и го однесе назад. И пророкот - старец тргна кон градот свој, за да го оплаче и погребе.
  
30. И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: "Леле, брату мој!"
  
31. Откако го погреба, тој им рече на синовите свои: "Кога ке умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски,
  
32. зашто ке се исполни словото, што по заповед на Господа тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарските градови."
  
33. И по овој настан Јеровоам не се одврати од лошиот пат свој, туку продолжи да поставува идолски свештеници од народот; кого сакаше, него го посветуваше, и тој стануваше идолски свештеник.
  
34. Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицото на земјата.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES