Bible Study: FrontPage




 

1 Цареви, Chapter 2

Bible Study - 1 Цареви 2 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соломона, велејки:
  
2. "Еве, јас заминувам по патот на сите смртни, а ти биди храбар и човек,
  
3. и чувај го заветот Господов, твојот Бог, одејки по Неговите патишта и да ги чуваш повелбите Негови и заповедите Негови, судовите Негови и законите Негови, како што е напишано во Мојсеевиот закон, за да бидеш благоразумен во се, што и да правиш, и насекаде, каде и да се свртиш,
  
4. та Господ да го исполни зборот Свој, што го беше кажал за мене, велејки: ‘Ако твоите синови ги чуваат патиштата свои, за да одат пред Мене во вистината од се срце и од сета душа, нема да недостига човек од тебе на Израилевиот престол.‘
  
5. Но - ти знаеш, што ми направи Саруевиот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израилската војска, со Нировиот син Авенир и со Јетеровиот син Амасеј, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во борба, и со борбена крв го искрвави појасот на крстот свој и обувките на нозете свои;
  
6. а ти постапи со мудроста своја, за да не ја отпуштиш староста негова со мир во пеколот.
  
7. А на синовите од галадецот Верзелиј направи им милост, та да бидат ме у оние, што се хранат на твојата трпеза, бидејки тие дојдоа при мене, кога бегав од братот твој Авесалома.
  
8. Ете, при тебе е и Семеј, синот на Венијаминецот Гера од Ваурим; тој ме навредуваше со тешки навреди, кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет при Јордан, и јас му се заколнав во Господа, велејки: нема да те погубам со меч.
  
9. Но ти не го оставај неказнет, бидејки си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него, та да ја собориш староста негова окрвавена во пеколот."
  
10. И потоа Давид почина при татковците свои и беше погребан во Давидовиот град.
  
11. А Давид царуваше над Израилот четириесет години: во Хеврон царуваше седум години и во Ерусалим царуваше триесет и три години.
  
12. Тогаш Соломон седна на престолот на татка си Давида, и царството негово се зацврсти многу.
  
13. А Адонија, Агитиниот син, дојде кај Вирсавија, Соломоновата мајка и и се поклони. Таа го праша: "Со мир ли си дојден?" Тој одговори: "Со мир."
  
14. И тој рече: "Имам нешто да ти кажам." Таа му рече: "Кажувај."
  
15. Тогаш тој продолжи: "Ти знаеш, дека царството ми се па аше мене, и сиот Израил ги свртуваше погледите кон мене, како кон иден цар; но царството отиде од мене и се падна на братот мој, бидејки тоа беше од Господа.
  
16. Сега те молам за едно: не ми откажувај." Таа му рече: "Говори."
  
17. И тој пак продолжи: "Те молам проговори му на царот Соломона, бидејки тој нема да ти откаже, да ми ја даде за жена Сунамитката Ависага."
  
18. Вирсавија одговори: "Добро, јас ке зборувам со царот за тебе."
  
19. И Вирсавија влезе при царот Соломона да му говори за Адонија. Царот стана пред неа, и се поклони и седна на престолот свој. Поставија престол и за царевата мајка, и таа седна десно од него;
  
20. и рече: "Имам една молба кон тебе, не ми откажувај." А царот и одговори: "Барај, мајко, нема да ти откажам."
  
21. Таа рече: "Дај му ја Сунамитката Ависага за жена на братот твој Адонија."
  
22. Тогаш цар Соломон одговори и и рече на мајка си: "А зошто ја бараш Сунамитката Ависага за Адонија? Побарај го за него и царството, бидејки тој ми е поголем брат, откај него се свештеникот Авијатар, и Саруевиот син Јоав воен началник и пријател."
  
23. И царот Соломон се заколна во Господа, велејки: ‘Тоа и тоа да ми направи Господ и уште повеке да ми додаде, ако Адонија не ги кажал тие зборови по цана на душата своја.‘
  
24. А сега - "жив ми Господ, Кој ме зацврсти и постави на престолот од мојот татко Давида и Кој ми основа дом, како што беше говорел Он, - сега Адонија треба да умре."
  
25. И царот Соломон го испрати Јодаевиот син Ванеја, кој го удри и тој умре.
  
26. На свештеникот Авијатар царот му рече: "Оди си во Анатот на нивата своја; ти заслужуваш смрт, но сега нема да те погубам, бидејки си го носел ковчегот на Господа Бога пред татко ми Давида, и си трпел се, што трпел и татко ми."
  
27. И Соломон го отстрани Авијатара од Господовото свештенство, и се исполни словото на Господа, што го беше кажал за Илиевиот дом во Силом.
  
28. Дојде глас за тоа до Јоава, - бидејки Јоав ја држеше страната на Адонија, а не ја држеше страната на Соломона, - и Јоав избега во Господовата скинија и се фати за роговите на жртвеникот.
  
29. Му соопштија на цар Соломона, дека Јоав избегал во Господовата скинија и дека е кај жртвеникот. Соломон го испрати Јодаевиот син Ванеја, велејки: "Оди, убиј го и погреби го."
  
30. Ванеја дојде во Господовата скинија и му рече на Јоава: "Вака кажа царот: излегувај." А тој одговори: "Не, јас сакам тука да умрам." Ванеја му го соопшти тоа на царот, велејки: "Така рече Јоав и така ми одговори."
  
31. Царот му рече: "Направи како што рекол тој: убиј го и погреби го, и пролеаната невина крв од Јоава ке ја измиеш од мене и од домот на татка ми;
  
32. Господ нека ја сврти крвта негова врз неговата глава, поради тоа што уби двајца невини мажи подобри од него: тој го погуби со меч, без знаење на татка ми Давида, Нировиот син Авенир, воен началник Израилски, и Етеровиот син Амасеј, воен началник Јудејски;
  
33. нека се сврти крвта нивна врз главата на Јоава и врз потомството негово засекогаш, а на Давида, и на потомството негово, и на домот негов, и на престолот негов нека биде мир од Господа засекогаш!"
  
34. И отиде Јодаевиот син Ванеја, го удри Јоава и го уби; и тој беше погребан во куката своја, во пустињата.
  
35. Тогаш царот Соломон го постави Јодаевиот син Ванеја над војската место него; а управата на царството беше во Ерусалим. Свештеникот Садок, пак, царот го постави за првосвештеник место Авијатара.
  
36. Царот испрати, та го повика Семеја и му рече: "Изгради си дом во Ерусалим и живеј тука и никаде не излегувај оттука;
  
37. и знај, дека во оној ден, во кој ке излезеш и ке го минеш потокот Кедрон, бездруго ке умреш; крвта твоја ке биде врз твојата глава."
  
38. А Семеј му рече на царот: "Добро; како што заповеда мојот цар - господар, така ке направи твојот слуга." И Семеј живееше во Ерусалим долго време.
  
39. Но по три години се случи, та двајца од Семеевите слуги да избегаат при гетскиот цар Анхус, Махов син. И му јавија на Семеја, велејки: "Ете, твоите слуги се во Гет."
  
40. Семеј стана, го оседла оселот и тргна за Гет при Анхуса да ги бара слугите свои. Семеј се врати и ги доведе слугите свои од Гет.
  
41. И го известија Соломона, дека Семеј одел од Ерусалим во Гет и се вратил.
  
42. Тогаш царот испрати, та го повика Семеја и му рече: "Нели ти се заколнав во Господа и не ли ти соопштив, велејки: знај дека во оној ден, во кој ке излезеш и ке отидеш некаде, бездруго ке умреш? И ти ми одговори: добро.
  
43. Па зошто не ја запази заповедта, што ти ја дадов пред Господа со клетва?"
  
44. Уште му рече на Семеја царот: "Ти го знаеше и го знае срцето твое сето зло, што си му го направил на татка ми Давида. Туку Гсопод нека ја сврти злобата твоја врз твојата глава!
  
45. А цар Соломон да биде благословен, и Давидовиот престол да стои цврсто пред Господа засекогаш!"
  
46. И царот му заповеда на Јодаевиот син Ванеја, и тој отиде, та го удри Семеја, и тој умре.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES