Bible Study: FrontPage




 

1 Самуил, Chapter 17

Bible Study - 1 Самуил 17 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Филистејците ги собраа војските свои за војна, се сместија во Сокхот, кој е во Јудаја, и се улогорија ме у Сокхот и Азик, во Ефес-Дамим.
  
2. А Саул и Израилците се собраа и се улогорија во дабовата долина и се подготвија за војна против Филистејците.
  
3. И застанаа Филистејците од едната страна на планината, и Израилците од другата страна на планината, а ме у нив беше долината.
  
4. А од Филистејскиот логор излезе маж силен, по име Голијат, од Гет; со раст од шест лакти и педа.
  
5. На главата имаше бакарен шлем; а беше облечен во лушпест околоп, и оклопот тежеше пет иљади сикли бакар;
  
6. на нозете имаше бакарни ногавици до над колената и на плеките свои - бакарен штит;
  
7. дршката на копјето негово беше како ткаечко кросно, а самото копје - беше од шестотини сикли железо, пред него одеше оруженосец.
  
8. И застана тој и викна кон Израилските војски, велејки им: "Зошто сте излегле да војувате? Не ли сум јас Филистеец, а вие робови Саулови? Изберете си еден човек и нека слезе при мене;
  
9. ако тој може да се бие со мене и ме убие, ние ке ви бидеме робови; ако, пак, јас го победам и го убијам, бие ке ни бидете робови и ке ни служите."
  
10. Рече уште Филистеецот: "Денес ке ја засрамам војската Израилева; дајте ми човек, и ние двајца ке се биеме."
  
11. И Саул и сите Израилци кога ги слушнаа тие зборови од Филистеецот, многу се уплашија и ужасија.
  
12. Давид беше син на Ефратецот од Витлеем Јудин, по име Јесеј, кој имаше осум синови; во дните на Саула тој човек достигна старост и беше најстар ме у мажите.
  
13. Тројцата поголеми Јесеови синови отидоа со Саула во војна; имињата на тројцата синови, што отидоа во војна, беа: најголемито се викаше Елијав, вториот по него - Аминадав, и третиот - Сама;
  
14. Давид, пак, беше најмал. Тројцата поголеми отидоа со Саула,
  
15. а Давид се беше вратил од Саула, за да ги пасе овците на таткото свој во Витлеем.
  
16. Оној Филистеец излегуваше наутро и се покажуваше четириесет дена.
  
17. И Есеј му рече на синот свој Давида: "Земи за брката свои ефа печено жито и овие десет лебови и однеси ги што поскоро во логорот кај браката твои;
  
18. а овие десет пити сирење однеси му ги на иљаданачалникот и распрашај се за здравјето на браката твои и дознај за потребите нивни."
  
19. Саул и сите тие Израилци се нао аа во дабовата долина и се готвеа за борба со Филистејците.
  
20. Давид изутрината стана рано, ги остави овците на чувар, и откако го зеде товарот, тргна, како што му беше заповедал Јесеј; и дојде при комората, кога војската беше наредена и со извици се готвеше за борба.
  
21. Тогаш Израилците и Филистејците се распоредија војска спроти војска.
  
22. Давид го остави товарот кај чуварот на комората и потрча кон редовите, дојде и ги запраша браката свои за здравје.
  
23. И ете, кога тој разговараше со нив, силниот човек, кому му беше името Голијат, Филистеец од Гет, излегуваше од филистејските редови и ги кажуваше истите оние зборови и Давид ги чу.
  
24. И сите Израилци, откако ке го видеа тој човек, бегаа од него и многу се плашеа.
  
25. Израилците велеа: "Го гледате ли оној човек, што излегува? Тој излегува, за да го навредува Израилот; а кога би го убил некој, царот би го наградил со големо богатство, и би му ја дал керката своја за жена, а домот на татко му би му го направил слободен во Израилот.
  
26. И Давид им рече на оние, што стоеја со него: "Што ке му направат на оној, што ке го убие оној Филистеец и го симне срамот од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан Филистеец, што ја навредува војската на живиот Бог?"
  
27. И тие му ги рекоа истите зборови, додавајки: "Ете, тоа ке му направат на оној човек, што ке го убие."
  
28. Елијав, најголемиот брат на Давида, чу што говореше тој со лу ето, и му се налути Елијав на Давида, па му рече: "Зошто си дошол тука и на кого им ги остави оние малку овци во пустињата? Го знам јас твоето кревање на големо и твоето лошо срце; ти се дошол да ја гледаш борбата."
  
29. А Давид рече: "Па што сум направил? Не ли се тоа само зборови?"
  
30. Па се сврте од него кон друг и ги говореше истите зборови, а лу ато му одговараа како и порано.
  
31. Се слушнаа зборовите, што Давид ги говореше, и му ги соопштија на Саула, и тој повика.
  
32. И му рече Давид на Саула: "Никој нека не па а со духот пред овој; твојот роб ке отиде и ке се бори против тој Филистеец.
  
33. А Саул му рече на Давида: "Не можеш да одиш против Филистеецот, да се бориш против него, зашто ти се уште момче, а тој е војник уште од младини."
  
34. Тогаш Давид му рече на Саула: "Твојот слуга ги пасеше татковите си овци, и кога се случуваше да дојде лав, или мечка, и ке одвлечеше овца од стадото,
  
35. јас се спуштав по нив, ги напа ав и им ја одземав од устата нивна; ако, пак, тие се нафрлеа врз мене, јас ги факав за гривата, ги удирав и ги убивав;
  
36. лав и мечка убивал твојот слуга; а и со овој необрезан Филистеец ке стане истото, како со нив, бидејки ја навредува војската на живиот Бог. Не бива ли да одам и да го победам, за да ги снема навредите од Израилот? Зашто, кој е тој необрезан?"
  
37. Давид рече уште: "Господ, Кој ме спасуваше од лавот и мечката, ке ме спаси и од рацете на овој Филистеец."
  
38. Саул го облече Давида со облеката своја, му стави на главата бакарен шлем, и му надена железна облека.
  
39. Давид го опаша мечот негов врз облеката и се обиде да оди, бидејки никогаш не одел со такво вооружување. И Давид му рече на Саула: "Не можам да одам со ова, не сум навикнат." И го симна Давид сето тоа од себеси.
  
40. Па го зеде в рака стапот свој, си одбра пет мазни камчиња од потокот, ги стави во овчарската торбичка, што беше со него; и со торбичката и пракката во раката излезе против Филистеецот.
  
41. Излезе и Филистеецот, одејки и приближувајки се кон Давида, и пред него му одеше оруженосецот.
  
42. Погледна Филистеецот и, откако го виде Давида, со презир го изгледа, бидејки беше млад, рус и убав.
  
43. Филистеецот му рече на Давида: "Зошто си тргнал против мене со стап и со камења? Да не сум куче?" Давид му одговори: "Не, туку подолен од куче." Филистеецот го проколна Давида со боговите свои.
  
44. И Филистеецот му рече на Давида: "Приближи се до мене, и ке им го дадам телото твое на птиците небески и на sверовите полски."
  
45. Давид му одговори на Филистеецот: "Ти одиш против мене со меч, копје и штит, јас, пак, одам против тебе во името на Господа Саваота, Бог на Израилевата војска, која ти ја навредуваш;
  
46. сега ке те предаде Господ во раката моја, и јас ке те убијам, ке ја симнам од тебе главата твоја, и ке им го дадам твојот труп и труповите на филистејската војака на птиците небески и sверовите земни, и целата земја ке дознае, оти има Бог во Израилот;
  
47. и сите овие лу е ке разберат дека не со меч и копје спасува Господ, зашто тоа е војна на Господа, и Он ке ве предаде во рацете наши."
  
48. Кога Филистеецот се исправи и почна да пристапува и да се приближува кон Давида, Давид брзо се стрча кон местото на борбата против Филистеецот,
  
49. и бркна со раката во торбата, извади оттаму еден камен и фрли до пракката, та го удри Филистеецот в чело, така што каменот се заби во челото негово, и тој падна ничкум на земјата.
  
50. Така со пракка и камен го победи Давид Филистеецот; го удри Филистеецот и го уби; а Давид немаше меч во рацете.
  
51. Тогаш Давид се стрча и, откако стапна врз Филистеецот, зеде та го извлече мечот негов од корицата, го удри и ја пресече со него главата негова. Филистејците, кога видоа дека нивниот јунак умре, почнааа да бегаат.
  
52. И се кренаа мажите израилски и јудејски, викнаа и ги гонеа Филистејците до влезот во долината и до портите на Акарон. И убиваните Филистејци па аа по Шааримскиот пат до Гет и до Акарон.
  
53. Откако ги прогонија Филистејците, Израилевите синови се вратија и го разграбија логорот нивни.
  
54. Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а оружјето го стави во шаторот свој.
  
55. Кога Саул го беше видел Давида како излегува против Филистеецот, тогаш го запраша Авенир, началникот на војската: "Авенире, чиј син е тоа момче?" Авенир му одговори: "Да ти е жива душата, царе, не знам."
  
56. И царот тогаш рече: "Ја прашај, чиј син е тоа момче?"
  
57. А кога ДАвид се вракаше, откако го уби Филистеецот, Авенир го зеде и го доведе при Саула, и главата на Филистеецот беше во раката негова.
  
58. И Саул го запраша: "Чиј син си, момче?" Давид одговори: "Син на твојот слуга Јесеј од Витлеем."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES