|
|
2 Летописи, Chapter 3
1. И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Аморија, која му ја определи Господ на татка му Давида, на ова место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусеецот Орна.
2. А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување.
3. Основата, положена од Соломона при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина - дваесет лакти;
4. а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот - дваесет лакти, висок, пак, - сто и дваесет.
5. А главниот дом го обложи со кипарисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки.
6. Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше парваимско злато.
7. Го опкова со злато домот, гредите, праговите, sидовите негови, прозорците и вратите негови, а по sидовите изваја херувими;
8. и направи Свајата Сватих: должината нејзина според широчината на домот - дваесет лакти, и широчината нејзина - дваесет лакти; и ја покри со шестотини таланти чисто злато.
9. Тежината на клиновите беше: секој клин педесет сикли злато. И горните одаи ги опкова со злато.
10. А во Свјатајта Свјатих направи два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато.
11. Крилата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното крило, пет лакти, се допираше до sидот на домот, а другото крило, исто така пет лакти, се срекаваше со крилото на другиот херувим;
12. исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до sидот на домот, а другото крило, пет лакти, се срекаваше со крилото на другиот херувим.
13. Криљата на херувимите беа раширени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот.
14. Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа изобрази херувими.
15. Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капители одозгора - секој од по пет лакти.
16. Направи и веришки, како во светилиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките.
17. Ги постави столбовите пред храмот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јихин (Исправување), а левиот Воаз(тврдина).
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|