Bible Study: FrontPage




 

2 Летописи, Chapter 31

Bible Study - 2 Летописи 31 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Откако заврши сето тоа, сите Израилци што се најдоа таму, отидоа по јудејските градови, та ги испокршија идолите, ги исекоа посветените дрвја, ги разрушија оброчиштата и жртвениците докрај по целата Јудеја и во земјата Венијаминова, Ефремова и Манасиева. Потоа се вратија сите синови Израилви, секој во владението свое, во градовите свои.
  
2. И нареди Езекија свештенички и левитски смени, според распределбата нивна, секој при својата работа, свештеничка и левитска, при сепаленица и при мирни жртви, за служба, за фалење и славословие, при вратата на домот Господов.
  
3. И определи царот дел од имотот свој за сепаленици; за утрни и вечерни сепаленици, за сепаленици во саботите според новомесечијата и празниците, како што е запишано во законот Господов.
  
4. Му заповеда уште на народот во Ерусалим, да им дава одредена издршка на свештениците и левитите, за да бидат ревносни во законот Господов.
  
5. Кога се разгласи таа заповед, синовите Израилеви издонесоа многу големи количества: жито, вино, дрвено масло, мед и секакви полски производи; донесоа уште десеток од се во изобилство.
  
6. Израилците и Јудејците што живееја по јудејските градови, исто така донесоа десеток од крупниот и ситниот добиток и десеток од жртвите, посветени на нивниот Господ Бог; и натрупаа купишта и купишта.
  
7. Почнаа во третиот месец да натрупуваат купишта, и завршија во седмиот месец.
  
8. И дојдоа Езекија и велможите и видоа купишта, Го благословија Господа и народот Негов Израила.
  
9. Тогаш ги праша Езекија свештениците и левитите за тие купишта.
  
10. Му одговори Азарија, првосвештеник од домот Садоков, и рече: "Откако почнаа да носат приноси во домот Господов, јадевме до наситување и пак остана многу, зашто Господ го благослови народот Свој. Ова големо множество е остаток.
  
11. Тогаш Езекија заповеда да подготват соби при домот Господов. И тие подготвија.
  
12. И ги пренесоа таму приносите, десетоците и жртвите со голема точност. Настојник кај нив беше левитот Хоманиј, а братот негов Симеј го држеше второто место.
  
13. А Јеил, Озија, Наед, Асаил, Јеримот, Јозавад, Елиил, Самахија, Мат и Ванаја беа надзорници под управа на Хонанија и наеговиот брат Самеја - по наредбата на царот Езекија и Азарија, началникот при Божјиот дом.
  
14. Кореј, синот на Јемнин, левит, вратар на источната страна, беше при доброволните приноси на Бога, за да го разделува принесеното на Господа и најважните осветени предмети.
  
15. Под негова управа беа: Одом, Венијамин, Исус, Семеја, Амарија и Сехонија во свештеничките градови, за да раздаваат делови на браката свои точно, како на големите, така и на малите.
  
16. надвор од списокот нивни, на сите од машки пол од три години и нагоре, на сите, што одат во домот Господов за секојдневните работи, - за службата нивна, според должностите нивни и според редовите нивни;
  
17. на запишаните свештеници во списокот, според поколенијата нивни, на левитите од дваесет години и нагоре, според должностите нивни според редовите нивни,
  
18. на запишаните во списокот со сите нивни малолетни, со жените нивни, синовите нивни и керките нивни, - на сето општество, бидејки тие со целосна верност и се посветија на свештената служба.
  
19. А за синовите Аронови, свештеници во селата околу градовите нивни, во секој град беа поставни мажи определени да ги раздаваат деловите на сите од машки пол при свештениците и на сите, запишани во списокот при левитите.
  
20. Еве што направи Езекија по цела Јудеја; тој го правеше, она што е добро и право и вистинито пред Господа, својот Бог.
  
21. И во се она, што го преземаше за да му служи на Божјиот дом и да го запази законот и заповедите, мислејки на својот Бог, тој се трудеше од се срце, и имаше успех.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES