Bible Study: FrontPage




 

2 Летописи, Chapter 35

Bible Study - 2 Летописи 35 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Јосија отпразнува Пасха на Господа во Ерусалим, и го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од првиот месец.
  
2. И ги насели свештениците по местата нивни и ги поттикнуваше да му служат на домот Господов;
  
3. и им рече на левитите, посветени на Господа и наставници на сите Израилци: поставете го светиот ковчег во храмот, што го изгради Соломон, синот Давидов, цар Израилев; нема потреба да го носите на раменици; служете Му сега на Господа, нашиот Бог и на народот Негов Израилот;
  
4. застанете според родовите на татковците свои и според родовите свои, како што е заповедано од Давида, царот Израилев, и како што е заповедано од синот негов Соломона,
  
5. стојте во светилиштето, според она како што се распоредени родовите на вешите брака, синовите народни, според она како што се разделени левитските родови и редови;
  
6. заколете го пасхалното јагне, осветете се и подгответе го за браката свои, постапувајки согласно со Господовото слово преку Мојсеја.
  
7. И им подари Јосија на синовите народни, на сите, што беа таму, од ситниот добиток јагниња и јариња, се за пасхалната жртва, на број триесет иљади, и три иљади вола. Тоа беше од царскиот имот.
  
8. И кнезовите негови сесрдно даваа принос за народот, на свештениците и на левитите: Хелкија, Захарија и Јехиил, старешини во Божјиот дом, им дадоа на свештениците за жртва пасхална две иљади и шестотини јагниња и јариња и триста вола;
  
9. Хоннија, Семаија и Натанаил, негови брака, Асавија, Јеиел и Јозавад, левитски старешини, им подарија на левитите за пасхална жртва пет иљади овци и петстотини волови.
  
10. Така се подготви службата, и по царева заповед свештениците застанаа на своите места и левитите според смените свои;
  
11. го заклаа пасхалното јагне, и свештениците росеа со крвта, што ја земаа од рацете на левитите, а левититеи ги дереа кожите;
  
12. и го распределија определеното за сепаленици, за да го дадат по редовите на татковските родови на синвоите народни, за принос на Господа, како што е напишано во Мојсеевата книга. Истото тоа го направија и со воловите.
  
13. И го испекоа на оган пасхалното јагне, според законот; а свештените жртви ги сварија во котли, грниња и тави, па го раздадоа брзо по сиот народ;
  
14. потоа приготвија за себе и за свештениците, зашто свештениците, синови Аронови, беа зафатени со принесувањето сепаленици и дебели меса до нокта; затоа левитите готвеа и за себе и за свештениците, синовите Аронови.
  
15. А певците, синови Асафови, остануваа по местата свои, според наредбите на Давида и Асафа, Емана и Идитуна, царевиот јасновидец, а вратарите при секоја врата: немаше зошто да ја напуштаа службата своја, бидејки браката нивни левитите готвеа за нив.
  
16. Така беше распоредена целата служба во тој ден, за да направат Пасха и да принесат сепаленици на Господовиот жртвеник, по заповед на царот Јосија.
  
17. Така ја празнуваа Израилевите синови, што беа таму Пасхата во тоа време и празникот Бесквасници во текот на седум дена.
  
18. Таква Пасха не беше прославувана во Израилот од деновите на пророкот Самуила; од Израилеви цареви ниеден не беше приготвил таква Пасха, каква што направи Јосија, свештениците, левитите и сите Јудејци, и Израилци, кои беа таму, и жителите ерусалимски.
  
19. Таа Пасха беше отпразнувана во осумнаесеттата година од царувањето на Јосија.
  
20. По сето тоа, што го направи Јосија во Божјиот дом, тој ги изгори во оган и лакомците, и ма епсниците, и идолските светилишта, и идолите, и дубравите, што ги имаше во Ерусалим и во Јудеја, за да ги утврди зборовите на Законот, напишани во книгата, која свештеникот Хелкија ја најде во домот Господ; и немаше сличен на него пред него, што се обрнал кон Господа од се срце, со сета душа и со сета сила, согласно со целиот закон Мојсеев, не се издигна и по него подобен на него. Но Господ, пак, не се одврати од големата јарост на гневот Свој, - јарост, со каква што Господ се беше разгневил на Јудеја за сите наскрбувања, со кои Го разгневи Манасија. И беше рекол Господ: "Kе го отфрлам и Јуда од лицето Свое, како што го отфрлив домот Израилев, ке го отфрлам домот Израилев, ке го отфрлам и градот Ерусалим, што го одбрав, и храмот, за кој реков: таму ке престојува името Мое. И излезе Нехао, египетскиот цар, во војна против асирскиот цар на реката Ефрат кај Хархамис. Јосија му излезе во пресрет.
  
21. Нехао испрати кај него пратеници да кажат: "Што има ме у мене и тебе, царе јудејски? Против тебе сега не сум тргал, туку за таму, каде што имам војна. Бог ми заповеда да брзам; немој да Му се противиш на Бога, Кој е со мене, за да не те погуби."
  
22. Но Јосија не отстапи пред него, туку се приготви да се бие со него; и не ги послуша зборовите на Нехао, што беа од Бога, туку излезе во бој во долината Магедо.
  
23. И стрелците го устрелија царот Јосија, и царот им рече на слугите свои: "Одведете ме, зашто сум тешко ранет."
  
24. Слугите негови го симнаа од колата, го качија во друга негова кола и го одведоа во Ерусалим. И тој умре; и беше погребан во гробницата на татковците свои. Целата Јудеја и Ерусалим го оплакаа Јосија.
  
25. Јосија беше оплакан и од Еремија во плачевна песна; него го споменуваа сите певци и пеачки во плачевните песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израилот; ете, тие се напишани во книгата на плачевните песни.
  
26. Другите дела на Јосија и добрините негови, согласни со заповеданото во законот Господов,
  
27. и неговите дела, први и последни, се опишани во книгата за царевите израилски и јудејски.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES