Bible Study: FrontPage




 

2 Цареви, Chapter 12

Bible Study - 2 Цареви 12 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Во седмата година на Јуја стана цар Јоас и царуваше во Ерусалим четириесет години. Мајка му се викаше Савија, од Вирсавија.
  
2. А Јоас го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа во сите денови додека го поучуваше свештеникот Јодај;
  
3. само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
  
4. Јоас им кажа на свештениците: "Сето посветувано сребро, што го принесуваат во домот Господов, среброто од оние што се бројат, среброто што се внесува за секоја душа според оценката, - сето сребро, колку што секому срцето му дава, да се донесе во домот Господов;
  
5. свештениците нека го приберат, секој од својот познат, и нека го поправат расипаното во храмот, насекаде, каде што ке се најде оштетено.
  
6. Но бидејки до дваесет и третата година на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот,
  
7. царот Јоас го повика тогаш свештеникот Јодаја и свештениците и им рече: "Зошто не ги поправате расипаните работи во храмот? Отсега нема веке да прибирате сребро од своите познати, туку ке го оставате за поправка на храмот."
  
8. И свештениците се согласија да не прибираат веке при себе сребро од народот за поправки во храмот.
  
9. Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците, што стоеја на стража при вратата, го пуштаа таму сето сребро, што се внесуваше во домот Господов.
  
10. И кога видоа, дека има многу сребро во ковчежето, доа аше царскиот писар и првосвештеникот и го врзуваа во торби и го пребројуваа среброто, што се нао аше во домот Господов,
  
11. а преброеното сребро го предаваа во рацете на одредените при домот Господов распоредници, и тие им плакаа на дрводелците, што работеа во домот Господов,
  
12. и на sидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Господов, и за се, што се трошеше за одржување на храмот.
  
13. Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби - никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од сребро, што се внесуваше во домот Господов,
  
14. туку го предаваа на распоредниците и тие го поправаа со него домот Господов.
  
15. И не бараа сметка од оние, на кои им го доверуваа среброто за раздавање на распоредниците, зашто тие постапуваа чесно.
  
16. Среброто од жртвите за вина и сребро од жртвата за грев не се внесуваше во домот Господов: тоа беше за свештениците.
  
17. Тогаш сирискиот цар Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.
  
18. Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано, што го беа жртвувале на храмот неговите татковци, јудејските цареви - Јосафат, Јорам и Охозиј, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на сирискиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.
  
19. Другото за Јоаса и за се, што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
  
20. И се побунија слугите негови, направија заговора и го убија Јоаса во домот Мило, на патот за Сила.
  
21. Го убија слугите негови: Језехар, син Јемуагов, и Језевуд, син Самиров, и тој умре, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Амасиј.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES