Bible Study: FrontPage




 

2 Цареви, Chapter 3

Bible Study - 2 Цареви 3 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Јорам, синот Ахавов, стана цар над Израилот во Самарија во осумнаесеттата година на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години.
  
2. Тој вршеше она што беше неугодно пред очите на Господа, макар и не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваала, што беше ја напарвил татко му;
  
3. при сето тоа тој остана во гревовите на Јеровоама, Наватовиот син, што беше го навел на грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
  
4. Моавскиот цар Моса имаше многу добиток и му испракаше на израилскиот цар по сто иљади овци и по сто иљади неистрижени овни.
  
5. Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израилскиот цар.
  
6. Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израилци,
  
7. па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафата: "Моавскиот цар се одметна од мене; одиш ли со мене во војна против Моава?" Тој одговори: "Одам; како што ке отидеш ти, така и јас, како твојот народ, така и мојот народ, како твоите коњи, така и моите коњи."
  
8. И рече: "По кој пат да одам?" Тој рече: "По патот низ Едомската пустиња."
  
9. И тргнаа израилскот цар, јудејскиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот, што одеше по нив.
  
10. Тогаш рече израилскиот цар: "Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава."
  
11. Но Јосафат рече: "Нема ли тука пророк Господов, па преку него да го прашаме Господа?" Одговори еден од слугите на израилскиот цар и рече: "Тука е Јелисеј, Сафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце."
  
12. И рече Јосафат: "Во него има слово Господово." И отидоа при него израилскиот цар и Јосафат и едомскиот цар.
  
13. И му рече Јелисеј на израилскиот цар: "Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на мајка си своја." И му кажа израилскиот цар: "Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви, за да ги предаде во раката на Моава."
  
14. И рече Јелисеј: "Жив Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафата, јудејскиот цар, не би те погледнал и не би те видел;
  
15. туку повикајте ми гуслар." И кога гусларот свиреше на гуслата, тогаш раката Господова се допре до Јелисеја,
  
16. и тој рече: "Вака говори Господ: ‘Направете ја оваа долина јама до јама;
  
17. зашто вака вели Господ: нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ке се наполни со вода, од која ке пиете вие и ситниот и крупниот добиток ваш;
  
18. но тоа е малку пред очите на Господа: Он и Моава ке го предаде во рацете ваши,
  
19. и ке ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ке ги исечете сите добри дрвја, и ке ги запрете сите извори, и сите добри ниви и ке ги затрупате со камења."
  
20. Утредента, кога се вознесуваше лебен принос, наеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода.
  
21. Кога слушнаа Моавците, дека царевите доа аат да војуваат со нив, беа собрани сите, што носат појас и постари, па застанаа на границата.
  
22. Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се прични црвена како крв.
  
23. И тие рекоа: "Тое е крв; се степале царевите ме у себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!"
  
24. И тие дојдоа до израилскиот логор. Станаа Израилците и фатија да ги поразуваат Моавците, кои почнаа да бегаат од нив, а тие продолжуваа да налетуваат врз нив и да ги поразуваат.
  
25. И ги разрушија градовите, и во секоја добра нива секој фрли по еден камен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исекоа, така што во Кир-Харамет останаа само камења. И го заобиколија праккашите и го разрушија.
  
26. Тогаш моавскиот цар виде дека ја губи битката, и зеде со себе седумстотини души, кои ракуваа со меч, за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа.
  
27. И тој го зеде својот првороден син, кому му се па аше да царува место него, и го принесе како жртва сепаленица врз sидот. Тоа предизвика големо негодување кај Израилците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES