Bible Study: FrontPage




 

Даниел, Chapter 5

Bible Study - Даниел 5 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Царот Валтазар приреди голема гозба за иљада свои достоинственици и пред очите на иљадата пиеше вино.
  
2. Откако вкуси од виното, Валтазар заповеда да се донесат златните и сребрените садови, кои татко му Навуходоносор беше ги изнесол од Ерусалимскиот храм за да пијат од нив царот, достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
  
3. Тогаш ги донесоа златните садови кои беа земени од Светилиштето на домот Божји во Ерусалим и пиеја од нив царот и достоинствениците негови, жените негови и наложниците негови.
  
4. Пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени, бакарни и железни, дрвени и камени.
  
5. Во истиот момент се појавија прсти од човечка рака и пишуваа спроти светилникот на sидот од царскиот дворец, и царот ги виде прстите на раката што пишуваше.
  
6. Тогаш царот го измени лицето, мислите му се смутија, појасот на бедрата му олабави и колената негови почнаа да се удираат едно со друго.
  
7. Извика царот силно за да доведат ма епсници, Халдејци и гледачи: царот проговори и им рече на мудреците вавилонски: "Оној што ке го прочита тоа што е напишано и ми објасни што значи, ке биде облечен во скерлет и околу вратот ке му биде ставена златна веришка, а во царството мое ке биде трет достоинственик."
  
8. И влегоа сите мудреци цареви, но никој не можеше да го прочита напишаното и да му го објасни на царот значењето негово.
  
9. Царот Валтазар се разгневи многу и видот на лицето му се измени, а се смутија и достоинствениците негови.
  
10. Царицата, пак, во врска со зборовите на царот и на достоинсвениците негови влезе во собата каде што беше гозбата; проговори царицата и рече - "Царе, да си жив довека, да не те возмутуваат мислита твои и да не се менува изгледот на лицето твое.
  
11. Во царството твое има човек, во кото е духот на Бога светецот; во деновите на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост како мудроста на боговите и царот Навуходоносор, твојот татко, го постави како глава на јасновидците, Халдејците и гледачите, лично татко ти, царот,
  
12. бидејки во него, во Даниила, кому царот му го промени името во Валтазар, се најде висок дух, знаење и разум способен да толкува соништа, да толкува загадочни работи и да разврзува јазли. Зато нека го повикаат Даниила, и тој ке го објасни значењето."
  
13. Тогаш го воведоа Даниила при царот, и царот проговори и му рече на Даниила: "Ти ли си Даниил, еден од заробените синови јудејски, кого мојот татко, царот, те доведе од Јудеја?
  
14. Сум слушал за тебе дека во тебе има дух Божји и светлина и разум и голема мудрост.
  
15. Еве, ми ги доведоа мудреците и ма епсниците за да го прочитаат она што е напишано и да ми објаснат што значи тоа; но тие не можеа да ми објаснат.
  
16. За тебе сум чул дека можеш да го објасниш значењето и да разврзуваш јазли; па така, ако можеш да го прочиташ она, што е напишано и ми објасниш што значи, ке бидеш облечен во скерлет и околу вратот твој ке има златна веришка, а во царството мое ке бидеш трет достоинственик."
  
17. Тогаш Даниил одговори и му рече на царот: "Даровите нека ти останат при тебе, а почестите дај му ги на друг; а напишаното ке му го прочитам на царот и значењето ке му го објаснам.
  
18. Царе, Севишниот Бог беше му дарувал на татко ти Навуходоносора царство, величие, чест и слава.
  
19. Пред величието што му го беше дал Он, сите народи, племиња и јазици трепереа и се плашеа - кого сакаше го убиваше и кого сакаше - го оставаше жив; кого сакаше го издигаше, и кого сакаше го понижуваше.
  
20. А кога срцето негово се возгордеа и духот негов се ожесточи во дрскост, тој беше симнат од царскиот престол и славата му беше одземена,
  
21. а беше одвоен од синовите човечки и срцето негово заприлега на sверско, и живееше со дивите осли; го хранеа со трева како вол, а телото негово се оросуваше од небеската роса, се додека не разбра дека над човечкото царство владее Севишниот Бог и го поставува над него, кого сака.
  
22. А ти сине негов, Валтазаре, не го смири срцето свое, иако го знаеше сето тоа.
  
23. Туку се возгордеа против Господа небесниот и садовите од Неговиот дом ти ги донесоа, па ти и твоите великодостојници, твоите жени и наложниците пиевте од нив вино и ги славевте боговите сребрени и златни, бакарни и железни, дрвени и камени, кои не гледаат, ни слушаат, ниту разбираат; а Бога, во чии раце е и твојата душа и во Кого се сите твои патишта, ти не Го прослави.
  
24. Заради тоа и се појавија од Него тие прсти од рака и е напишано ова писмо.
  
25. А еве што е напишано: Мани, Текел, Фарес.
  
26. А еве го значењето на зборовите: Мани - го изброи Бог царството твое и му стави крај;
  
27. Текел измерен си на кантар и се најде многу лесен;
  
28. Фарес - царството ти е разделени и им е дадено на Мидијаните и Персијанците."
  
29. Тогаш по заповед на Валтазара го облекоа Даниила во скерлет и му ставија околу вратот златна веришка, па го прогласи за трет великодостојник во царството.
  
30. Во истата нок Валтазар, царот халдејски, беше убиен.
  
31. А Дариј Мидијанинот го презеде царството, кој тогаш беше на шеесет и две години.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES