|
|
Естира 3.13
13. И беа распратени писма преку брзоодци до сите царски области, за да бидат убиени, погубени и истребени сите Јудејци, мали и големи, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот дена на дванаесеттиот месец, односно, месец Адар, и имотот нивни да биде разграбен. Еве препис од тоа писмо: "Големиот цар Артаксеркс - до намесниците од Индија до Етиопија, над сто и дваесет и седум области и до потчинетите им началници. Царувајки над многу народи и владеејки над целата вселена, јас сакав, - да не се гордеам со власта, да управувам секогаш кротко и мирно, да ги направам животот на поданиците постојано спокоен и, зажувавајки го царството свое мирно и слободно во пределите негови, да го востановам саканиот за сите лу е мир. Но кога ги запрашав советниците, на кој начин да го направам тоа, тогаш оној, кој кај нас се одликува со мудрост и се користи со неизменливо благовление и кој што докажа цврста верност и доби втора по царот чест, Аман, ни објасни, дека ме у сите племиња на вселената се вовлекол еден непријателски народ, којшто поради законите свои е намразен од сите народи и којшто постојано не ги почитува царските заповеди, за да не се благуустрои беспрекорно раководеното од нас управување. И така, кога дознав, дека само тој народ секогаш му се противставува на секој човек оти води живот, ту на законите, и, притивејки се на нашите распоредби, извршува најголеми злосторства, така што нашето царство да на ја достигне благосостојбата, ние заповедавме посочените ви писма на Амана, поставен над робовите и втор наш татко, сите со жените и децата исцело да бидат истребени со непријателски меч, беа секакво сожалување и поштедување, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец Адар оваа година, и тие и порано и сега непријателски лу е, бидејки беа во еден ден беа насилно соборени во пеколот, да не ни пречат отсега натаму да живееме мирно и спокојно до крај."
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|