Bible Study: FrontPage




 

Излез, Chapter 27

Bible Study - Излез 27 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Направи и жртвеник од дрвото ситим - пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жртвеникот и три лакти висок.
  
2. А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да излегуваат од него; и опковај ги со бронза.
  
3. Потоа направи венец на жртвеникот, покров и чаши за темел и кадило; сите садови направи ги од бакар.
  
4. И направи му огниште од бакар во вид на мрежа, а на огништето од страните четири агли, направи и четири алки од бакар;
  
5. и стави ги под огништето на жртвеникот, за да зафака огништето до средината на жртвеникот.
  
6. Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото ситим, и обви ги со бакар;
  
7. лостовите да се провлечат низ алките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи.
  
8. Празен ке го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше покажано на гората, така да го направиш.
  
9. Направи и двор на скинијата. На јужната страна направи завеси од ткаенина, и од висон, сто лакти во должина од едната страна;
  
10. а за двесетте нивни столбови и подножја од бакар - дваесет; кукичките за нивните столбови и врвовите нивни да бидат сребрени.
  
11. Исто така и од северната страна завесите да бидат сто лакти долги; и дваесет столбови за нив со дваесет подножја до бакар; кукичките нивни и врвовите на столбовите и подножјата нивни посребрени со сребро.
  
12. А и по ширина на дворот што е од кај морето да има зевеси, долги педесет лакти; со десет столбови и десет подножја за нив.
  
13. А на предната страна, кон исток, дворот треба да има завеси, од педесет лакти - со столбови десет и нивни подножја десет.
  
14. Од петнаесет лакти во висина нека бидат завесите од едната страна, и за нив три столба и три подножја под нив;
  
15. и од другата страна завеси, од петнаесет лакти, во висина со три столба за нив и три подножја под нив;
  
16. А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти во висина, од сина, црвена и темноцрвана ткаенина и со ткаен висон ишарана; и четири столба за неа, со четири подножја под нив.
  
17. Сите столбови за тремот наоколу треба да бидат опковани со сребро; и врвовите нивни да им се сребрени, а подножјата од бакар.
  
18. Во должина дворот да има сто лакти, во ширина по педесет насекаде, додека во висина пет лакти; ткаенина од висон, а подножјето од бакар.
  
19. Сите направи и сите орудија во скинијата за општа употреба и сите негови колчиња, и сите колчиња на дворот да се од бакар.
  
20. И заповедај им на синовите Израилеви да ти донесат елеј, маслинов, за горење, без талог, чист, да гори за светење, за да гори секогаш.
  
21. Ве скинијата на сведоштвото пред завесата, која е над ковчегот на откровението, Арон и синовите негови нека го палат, да гори пред Господа од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите Израилеви."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES