Bible Study: FrontPage




 

Излез, Chapter 38

Bible Study - Излез 38 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И направи од дрвото ситим жртвеник за жртви сепаленици; пет лакти долг и пет лакти широк, четириаголен, три лакти висок, и ги опкова со бакар;
  
2. а направи и рогови на неговите четири агли, така што роговите да излегуваат од него, и го опкова со бакар.
  
3. И ги направи сите садови за жртвеникот: котлиња, кадилниците, чашките и вилушките, и клештите; сите потреби му ги направи од бакар.
  
4. а на жртвеникот му направи решетка од бакар како мрежа на дното, од дното па до средината наоколу;
  
5. и излеа четири алки за четирите агли на решетката од бакар, за да се провлечат низ нив лостови за носење.
  
6. А лостовите ги направи од дрвото ситим и ги опкова со бакар.
  
7. Па ги провлече лостовите низ алките од обете страни на жртвеникот, за да може да се носи; од штици го направи, празен одвнатре.
  
8. Направи и мијалник од бакар и подножје од бакар со убави шарки, кои го красеа влезот на скинијата на сведоштвото.
  
9. И двор направи од јужната страна, а завесите му беа од ткаен висон, по сто лакти долги;
  
10. дваесет столбови за нив, и дваесет подножја под нив од бакар; а кукичките за столбовите и лостовите беа од сребро.
  
11. Така и од северната страна, сто на сто лакти; столбови за нив дваесет и подножја под нив од бакар дваесет; а и кукичките за столбовите и лостовите нивни од сребро.
  
12. А од западната страна завеси од педесет лакти: десет столбови за нив, и подножја - десет; кукичките за столбовите и лостовите нивни од сребро;
  
13. и од источната страна, завеси од педесет лакти.
  
14. За западната страна на вратата завеси од петнаесет лакти, три столбови за нив и три подножја под нив;
  
15. и за другата задна страна (отаде и одовде на вратата однадвор) завеси од петнаесет лакти, три столба за нив, и подножја под нив - три.
  
16. Сите завеси на дворот наоколу беа од ткаен висон.
  
17. а подножјата од столбовите - од бакар, кукичките за столбовите и лостовите на нив - од сребро; и врвовите нивни беа со сребро обложени; и сите столбови на дворот беа со сребро поврзани.
  
18. А завесата на вратата од дворот - везена - од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон, долга дваесет лакти, а во висина по ширината пет лакти, како и другите завеси во дворот;
  
19. и четири столба за нив, и четири подножја под нив од бакар; кукичките им беа од сребро, а врвовите нивни посребрени.
  
20. Сите колчиња околу скинијата и дворот беа од бакар.
  
21. Ете, тоа се изработките за скинијата на сведоштвото, направени по заповедта на Мојсеја за левитите а под надзор на свештеникот Итамара, син на Арона.
  
22. А се‘ она како што му заповеда Господ на Мојсеја, го направи Веселеил, син на Урија, синот Оров, од племето Јудино.
  
23. И со него Елијав, синот Ахисамахов, од племето Даново, резбар, вешт ткајач и везач на порфирна ткаенина сина, црвена и темноцрвена и на ткаен висон.
  
24. Сето злато, што беше употребено за сите потреби на светилиштето, злато, принесено на дар, беше дваесет и девет таланти и седумстотини и триесет сикли, свештени сикли;
  
25. а среброто преброено од дародавците - сто таланти и иљада седумстотини седумдесет и пет сикли, свештени сикли.
  
26. По половина сикла од човек, пресметано според свештената сикла, од секој што доа а на пребројување, од дваесет години и нагоре, од шестотини и три иљади и петстотини и педесет души.
  
27. Сто таланти сребро беа употребени за лиење на подножјата за светилиштето и подножјата за завесите; сто подножја од сто таланти, по талант на подножје;
  
28. а од иљада и седумстотини и седумдесет и петте сикли тој направи кукички за столбовите и опков за врвовите нивни, а направи и лостови за нив.
  
29. А од принесениот дар во бакар имаше седумдесет таланти, и две иљади и четиристотини сикли;
  
30. и од него ги направи тој подножјата за влезот во скинијата на сведоштвото, и жртвеникот од бакар како и решетката од бакар за него, и сите садови за жртвеникот;
  
31. подножјата за целиот двор наоколу, подножјата за вратата на дворот, и сите колчиња за скинијата и сите колчиња за дворот наоколу.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES