Bible Study: FrontPage




 

Езекиел, Chapter 40

Bible Study - Езекиел 40 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Во дваесет и петтата година по нашето преселување, во почетокот на годината во десеттиот ден од месецот, во четиринаесеттата година по разурнувањеот на градот, во овој ист ден беше раката Господова врз Мене и Он ме поведе таму.
  
2. Во виденијата Божји ме заведе Он во земјата Израилева и ме постави на многу висока планина, и на неа од кај југ се гледаше нешто како изграден град.
  
3. Ме поведе таму, и, ете, маж еден, кој изгледаше како светол бакар, а во неговата рака ленена врвка и трска за мерење, и тој стоеше пред портите.
  
4. И ми рече тој маж: "Сине човечки, гледај со очите и слушај со ушите и сето ова земи го при срце, ова што ке ти го покажам, бидејки ти поради тоа и си доведен овде, за да ти го покажам тоа; за се што ке видиш, извести го домот Израилев."
  
5. И ете, имаше sид околу храмот, а во раката на тој човек трска за мерење од шест лакти, а лакот беше по лакот и дланка, и го измери тој храмот, една трска широчина и една трска височина.
  
6. Потоа отиде кај портите, кои беа поставени спрема исток, се искачи по стапалата нивни и измери дека едниот праг од портата беше една трска широчина, а другиот праг пак една трска височина.
  
7. И секоја околна соба беше по една трска долга и по една трска широка, а ме у собите имаше пет лакти и прагот на портите во тремот зад портите беше пак една трска.
  
8. Го измери тој тремот зад портите - пак една трска.
  
9. А тремот пред портите - осум лакти, и столбовите два лакта. Тој трем пред портите беше отстрана на храмот.
  
10. Собите од источната страна кај вратите беа три од едната страна и три од другата страна; една мерка имаа сите три и една мерка имаа столбовите од едната и од другата страна.
  
11. Ги измери тој отворите на вратите - тие беа по десет лакти широки, а должината нивна - тринаесет лакти.
  
12. Пред собите имаше од едната и од другата страна ограда од по еден лакот. Тие соби од едната страна имаа шест лакти и од другата страна - шест лакти.
  
13. Потоа ги измери тој вратите од стреата на едната соба до стреата на другата соба - дваесет и пет лакти широчина: врата спроти врата.
  
14. А и столбовите ги измери тој: шеесет лакти, секој столб околу дворот и при вратите.
  
15. И од предната страна на влезот во вратите до предната страна на внатрешната врата - педесет лакти.
  
16. Решетчести прозорци имаше и во околните соби и при столбовите нивни однатре кај вратите наоколу; исто така и во тремовите наоколу имаше прозорци од внатрешната страна, а на столбовите - палми.
  
17. И ме одведе тој во надворешниот двор, и, ете, таму - соби, имаше направен под од плочи околу дворот. Триесет соби имаше на тој плочник.
  
18. И тој плочник беше од кај страните на вратите, според должината на вратите, маку понизок.
  
19. И го измери тој по ширината од долните врати до надворешниот крај на внатрешноста во дворот: сто лакти - кон исток и кон север.
  
20. Ја измери исто така должината и ширината на вратите од надворешниот двор, свртени спрема север;
  
21. и при нив околните соби, три од едната страна и три од другата; и столбовите нивни и продолженијата нивни имаа иста мерка како и првите врати - долги по педесет лакти, а широки по дваесет и пет лакти.
  
22. И прозорците нивни и продолженијата нивни и палмите нивни имаа иста мерка, како и вратите, свртени спрема исток; а се влегуваше во нив по седум степеника и пред нив имаше уште и продолженија.
  
23. И во внатершниот двор, вратата спроти северните и источните врати; и ја измери тој должината од врата до врата - сто лакти.
  
24. И ме поведе кон југ, а таму имаше јужна врата; и ги измери тој столбовите и продолженијата - имаа истоа мерка.
  
25. И прозорците во нив и во тремот им беа исто такви како оние прозорци: долги педесет лакти, а широки дваесет и пет лакти.
  
26. Влезот до нив - седум степеника, и тремови имаше пред нив; и украси од палма на столбовите - еден од едната страна и друг од другата страна.
  
27. И во внатрешниот двор имаше јужна врата; ја измери тој должината од врата до врата јужно - сто лакти;
  
28. и ме поведе тој преку јужната врата во внатрешниот двор; ја измери јужната врата - иста мерка.
  
29. И собите околни и столбовите нивни и тремовите нивни - иста мерка, а имаше и прозорци во нив и во тремовите нивни наоколу; се во долждина педесет лакти, а широчина - дваесет и пет лакти.
  
30. Тремови имаше наоколу, со должина од дваесет и пет лакти и ширина од пет лакти.
  
31. Тремовите беа од кај надворешниот двор, а палми имаше на столбовите нивни при искачувањето кон нив - остум стапки.
  
32. Ме поведе тој преку источната врата во внатрешниот двор и мерката на таа врата беше со иста мерка,
  
33. И собите отстрана, столбовите нивни и тремовите нивни имаа иста мерка; а и прозорци имаше кај нив и во тремовите нивни наоколу; должина - педесет лакти, а ширина дваесет и пет лакти.
  
34. Тремовите нивни беа од кај надворешниот двор, а на столбовите нивни имаше палми од едната и од другата страна; искачувањето кон нив - осум степеника.
  
35. Потоа ме одведе пред северната врата, ја измери и таа имаше иста мерка.
  
36. Нејзините соби од страна, столбовите нејзини, тремовите нејзини и прозорците во нив, беа наоколу; сето тоа имаше должина педесет лакти и ширина - дваесет и пет лакти.
  
37. Тремовите беа од кај надворешниот двор, а на столбовите нивни имаше палми - една од едната страна и друга од другата страна; искачувањето кон нив - осум степеника.
  
38. Имаше исто така соба со влез во неа при столбовите на вратата, таму се миеја жртвите за сепаленици.
  
39. А во тремот пред вратите беа поставени две маси од едната страна и две од другата страна, за да се колат на нив жртвите за сепаленици и жртвите за грев и жртвите за престап.
  
40. И однадвор, од кај вратата при влезот во отворот на северната врата имаше две маси, и од другата страна до тремот покрај вратата имаше две маси.
  
41. Четири маси од едната страна и четири маси од другата страна, од кај страната на вратите; вкупно осум маси, на кои се колат жртвите.
  
42. А имаше и четири маси за приготвување на сепалениците - од делкан камен, долги по еден ипол лакот и широки по еден ипол лакот, а високи еден лакот; врз нив се оставаат ножеви за колење на жртвите за сепаленици и на други жртви.
  
43. И куки големи колку една дланка имаше закачени на sидовите од зградата наоколу, а на масите го ставаа жртвеното месо.
  
44. Однадвор, кај внатрешната врата, имаше соби за певците; во внатрешниот двор од кај северната врата, една свртена со лицето кон југ, а другата странична јужна врата, свртена со лицето кон север.
  
45. И ми рече тој: оваа соба, што е свртена со лицето кон југ, е за свештениците што ке бдеат на стража во храмот.
  
46. А собата што е свртена со лицето кон север - за свешниците, што ке бдеат на стража кај жртвеникот: тоа се синовите на Садока, кои едини од синовите Левиеви можат да се приближуваат до Господа за да Му служат.
  
47. Го измери тој дворот: сто лакти долг и сто лакти широк, четириаголен, а пред храмот беше жртвеникот.
  
48. И ме поведе во тремот на храмот, па ги измери столбовите на тремот: по пет лакти од едната страна и пет лакти од другата страна; вратите, пак, беа по три лакти широки, од едната страна и по три лакти од другата.
  
49. Тремот беше долг дваесет лакти и широк единаесет, и искачувањето кон него десет степеника; имаше и потпори кај столбовите: една од едната страна и друга од другата страна.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES