Bible Study: FrontPage




 

Езекиел, Chapter 42

Bible Study - Езекиел 42 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И ме изведе од надоврешниот двор по северниот пат и ме доведе при собите, што беа спрема рамнината и спрема зградата од север,
  
2. до она место, кое кај северната врата е долго сто лакти, а широко педесет лакти.
  
3. Спрема дваесетте лакти на внатрешниот двор и спроти плочникот, што е од кон надворешниот двор, трем спроти трем во три ката.
  
4. А пред собите имаше ходник - десет лакти широк, а внатре по еден лакот; вратите негови беа свртени спрема север.
  
5. Горните соби беа потесни, зашто тремовите одземаа од нив спротивно на долните соби од зградата, кои беа пошироки.
  
6. Собите беа на три ката, а немаше такви столбови какви што имаше во дворовите, затоа тие и се направени потесни, спротивно на долните и средните соби, почнувајки од подот.
  
7. А надворешниот sид спрема тие соби од надворешниот двор, кој ја поврзува предната страна на собите, е долг педесет лакти;
  
8. оти и собите на надворешниот двор имаат должина само педесет лакти, и така пред храмот - сто лакти.
  
9. А долу имаше ходник кон тие соби од источната страна, кога се доа а кај нив од надворешниот двор.
  
10. По ширината на sидот до дворот спрема исток пред плоштадот и пред зградата имаше соби.
  
11. А ходникот пред нив беше исто таков како и пред оние соби, што се свртени спрема север, со иста таква должина како и при нив, и исто таква ширина; и сите излези нивни и изработката нивна и вратите нивни беа исто такви како и при другите.
  
12. Имаше исти врати какви што беа и при собите од јужната страна; и за влез во нив имаше врати при патеката, која водеше надолж по источниот sид.
  
13. И ми рече тој: северните соби и јужните соби, што се нао аат пред плоштадот, се свети соби, во кои свештениците, што му се приближуваат на Господа, ги јадат најсветите жртви; само таму ги ставаат најсветите жртви и лебниот принос, жртвите за грев и жртвите за престап, оти тоа е свето место.
  
14. Кога влегуваат таму свештениците, тие не треба да излезат од тоа свето мессто во надворешниот двор, се додека таму не ги остават своите одежди, со кои служеле, зашто тие се свештени одежди; треба да облечат други одежди, и тогаш да излезат пред народот.
  
15. кога го заврши тој мерењето на внатрешниот храм, ме извести пред вратите, свртени кон исток, и почна да мери наоколу.
  
16. Ја измери источната страна со мерната трска, измери со неа - петстотини трски;
  
17. На северната страна со истата мерна трска измери вкупно петстотини трски.
  
18. На јужната страна со мерната трска измери исто така петстотини трски.
  
19. И кога се заврти спрема западната страна со мерната трска, измери исто така петстотини трски.
  
20. Од сите четири страни тој го измери; околу него имаше sид долг петстотини трски и петстотини трски широк, за да го одделува светото место од несветото.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES