Bible Study: FrontPage




 

Битие, Chapter 24

Bible Study - Битие 24 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. А Авраам беше веке стар и во години, Господ го беше благословил во се.
  
2. И му рече Авраам на слугата свој, на најстариот во домот негов, кој стоеше над целиот негов имот: "Стави ја раката своја под бедрото мое
  
3. и ке те заколнам во Господа Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш жена за синот мој од керките Хананејски, ме у кои живеам,
  
4. туку дека ке отидеш во земјата моја, каде што се родив, во родот мој, и ке му доведеш жена на синот мој Исака оттаму."
  
5. А слугата му рече: "Можно е девојката да не сака да појде со мене во оваа земја; ке го одведам ли синот твој во земјата, од која си се иселил?"
  
6. А Авраам му рече: "Гледај да не го одведеш синот мој таму.
  
7. Господ, Бог на небесата и на земјата, Кој ме зеде од домот на таткото мој и од земјата, каде што сум роден, и Кој ми рече и ми се заколна, велејки: ‘Тебе и на потомството твое ке му ја дадам оваа земја‘, Он ке испрати ангел свој пред тебе, и ти ке доведеш жена за синот мој оттаму.
  
8. Ако, пак, девојката не сака да појде со тебе во оваа земја, тогаш нека ти е проста клетвата моја; само синот мој не пракај го таму!"
  
9. И ја стави слугата раката своја под бедрото на Авраама, господарот негов, и му се заколна во тоа.
  
10. Потоа слугата зеде десет камили од камилите на господарот свој, зеде и од драгоценостите на господарот свој со себе, па кога стана, се упати во Месопотамија, во градот Нахоров.
  
11. И ги остави камилите надвор од градот, покрај изворот, приквечерина кога жените излегуваат да полнат вода.
  
12. И рече: "Господи, Боже на господарот мој Авраама, испрати ми ја денес во пресрет онаа, која ја барам, и направи му милост на господарот мој Авраама.
  
13. Еве, јас ке стојам крај овој извор, и керките на градските жители ке дојдат да налеат вода.
  
14. И на која девојка ке и речам - ‘Наведни ја стомната своја да пијам‘ - а таа ке рече - ‘На, пиј, и камилите твои ке ги напојам - додека се напивам,‘ неа си ја определил за слугата твој Исака; и по тоа ке разберам дека си му направил милост на господарот мој Авраама."
  
15. И додека тој уште зборуваше во себе, а ете Ревека, керката на Ватуила, синот на Мелха, жената на Нахора, чиј брат е Авраам, дојде со стомната на рамо.
  
16. А беше многу убава девојка, која човек уште не беше познала. Таа слезе при изворот, ја наполни стомната, па појде угоре.
  
17. Тогаш слугата излезе пред неа и рече: "Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја!"
  
18. А таа одговори: "Еве, пиј, господару." И брзо ја спушти стомната на раката своја, и му даде да пие, чекајки додека не се напие.
  
19. Па рече: "И на камилите твои ке им налеам додека сите не се напијат."
  
20. Па брзо ја истури стомната своја во поилото, и пак отрча до изворот да ја наполни, и им налеа на сите камили негови.
  
21. А човекот ја гледаше со восхит и молкум, но сакаше да узнае дали го благословил Господ патот негов или не.
  
22. А откако камилите се напоија, човекот изведи златни наушници, тешки поливина сикла, и две гривни за нејзините раце, од десет сикли злато.
  
23. Ја запраша и рече: "Чија керка си? Кажи ми, има ли во куката на таткото твој место за пренокевање?"
  
24. А таа му одговори: "Јас сум керка на Ватуила, синот на Мелха, која му го роди на Нахора."
  
25. И уште рече: "Има при нас многу слама и храна; а и место за нокевање."
  
26. Тогаш човекот се наведна и Му се поклони на Господа,
  
27. па рече: "Нека е благословен Господ Бог на господарот мој Авраама, Кој не го остави господарот мој без Своја милост и Својата правда спрема господарот мој. Господ ме доведе по прав пат во домот на братот од господарот мој."
  
28. Девојката, пак, отрча и сето ова го кажа во домот на мајката своја.
  
29. А Ревека имаше брат, по име Лаван. Лаван побрза кон човекот крај изворот.
  
30. Откако ги беше видел наушниците и гривните на рацете од сестрата своја и чул кога сестра му Ревека рече - вака ми рече човекот - тогаш појде кај човекот; а тој стоеше со камилите при изворот.
  
31. И рече: "Ела ти, кој си благословен од Господа; зошто да стоиш надвор? Јас ја приготвив куката; а има место и за камилите."
  
32. Тогаш човекот влезе во куката; му ги растоварија камилите, и им дадоа слама и сено - храна на камилите, а му донесоа и вода за нозете негови и за лу ето, кои беа со него.
  
33. И им поставија леб да јадат. Но тој рече: "Нема да јадам додека не кажам за што сум дојден." И му рекоа: "Зборувај!"
  
34. Тогаш рече: "Јас сум слуга Авраамов.
  
35. Господ го благослови господарот мој многу, та стана голем; и му даде овци и говеда, сребро и злато, и слуги и слугинки, и камили и осли.
  
36. А Са‘ра, жената на господарот мој, под старост му роди син на господарот мој, и тој му го даде целиот свој имот.
  
37. Мене, пак, ме заколна господарот мој, велејки - ‘Немој да му доведеш на синот мој жена од керките Хананејски, ме у кои живеам;
  
38. туку појди во домот на таткото мој и во родот мој, и земи жена за синот мој.‘"
  
39. А јас му реков на господарот мој: "Можеби девојката не ке сака да појде со мене!?"
  
40. А тој ми рече - "Господ, пред чие лице одев, ке испрати ангел Свој со тебе, и ке ти го покаже патот твој до целта и ти ке земеш жена за синот мој од родот мој, од домот на таткото мој.
  
41. Тогаш ке ти биде проста клетвата моја, кога ке отидеш во родот мој; а ако не ти ја дадат, ке бидеш ослободен од клетвата моја."
  
42. И кога дојдов денес при изворот, реков: "Господи, Боже на господарот мој Авраама, ако си ме упатил на прав пат, по кој одам,
  
43. еве, јас ке застанам крај изворот, и на девојката, која ке дојде да налее вода, ке и речам - ‘Дај ми да се напијам малку вода од стомната твоја,‘ -
  
44. а таа ми одговори - ‘Еве ти пиј; и на камилите твои ке им налеам - таа нека биде жена, која што Господ ја определил за слугата Свој Исака; и по ова ке разберам дека си му направил милост на мојот господар Авраама."
  
45. Јас уште не го изреков тоа во срцето свое, а Ревека дојде со стомната на рамо, и слегувајки на изворот, налеа: а јас и реков - Дај ми да се напијам.‘
  
46. И таа брзо ја спушти стомната на раката свој и рече - ‘Еве, пиј ти; и камилите твои ке ги напојам.‘ - Се напив, и камилите мои ги напои."
  
47. Тогаш ја прашав и реков: - ‘Чија керка си?‘ А таа одговори: - ‘Јас сум керка на Ватуила, синот на Нахора, кого му го роди Мелха. Тогаш и ги ставив наушниците и гривните на рацете нејзини.
  
48. Па се наведнав и Му се поклонив на Господа; и Го благословив Господа Бога на господарот мој Авраама, Кој ме поведе по правиот пат да ја земам керката од братот на господарот за неговиот син.
  
49. А сега кажете ми: "Kе му направите ли милост и правда на господарот мој, или не? Ако, пак, не сакате, кажете ми, и јас ке тргнам надесно или налево."
  
50. А Лаван и Ватуило одговорија: "Од Господа дојде ова; ние не можеме да ти кажеме ни лошо, ни добро.
  
51. Ете, Ревека е пред тебе, земи ја, па оди, и нека му биде жена на синот од твојот господар, како што рекол Господ."
  
52. А кога ги чу слугата Авраамов зборовите нивни, Му се поклини на Господа доземи.
  
53. Потоа слугата извади работи златни и сребрени, и облека, и и ги даде на Ревека; а и на братот нејзин и на мајката нејзина им даде подароци.
  
54. Па јадеа и пиеја тој и лу ето, кои беа со него, и нокеваа. А утредента кога станаа, тој рече: "Пуштете ме да се вратам при господарот мој!"
  
55. А братот нејзин и мајка и рекоа: "Нека остане девојката кај нас макар уште десетина дена, па тогаш одете."
  
56. Но тој им рече: "Не задржувајте ме кога Господ го благослови мојот пат; пуштете ме да си одам кај господарот мој!"
  
57. А тие рекоа: "Да ја викнеме девојката, и да ја прашаме, што ке рече таа."
  
58. И ја повикаа Ревека, па и рекоа: "Сакаш ли да одиш со овој човек?" А таа одговори: "Сакам."
  
59. И ја пуштија Ревека, сестрата своја, и слугинките нејзини, со слугата Авраамов и лу ето негови.
  
60. Ја благословија Ревека и и рекоа: "Сестро наша, да се умножиш на иљади и иљади, и потомството твое да завладее во градовите над непријателите твои!"
  
61. И стана Ревека со слугинките свои, и се качија на камилите, и тргнаа со човекот. Така слугата ја зеде Ревека и си отиде.
  
62. А Исак беше дошол во Беер Лахај Рој, зашто живееше во јужниот крај.
  
63. Приквечер излезе Исак во полето да се прошета, па ги крена очите: а тоа - ете, камилите идат.
  
64. Ревека, откако ги подигна очите свои и го виде Исака, слезе од камилата
  
65. и го праша слугата: "Кој е оној човек, што преку полето ни доа а во пресрет?" А слугата одговори: "Тоа е господарот мој." - Тогаш таа зеде превез, па се покри.
  
66. И му раскажа слугата на Исака се што беше направил.
  
67. Тогаш Исак ја одведе Ревека во шаторот на Са‘ра, мајката своја, и таа му стана жена, и му омиле. И Исак се утеши за Са‘ра, мајката своја.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES