Bible Study: FrontPage




 

Битие, Chapter 41

Bible Study - Битие 41 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. А по две години сони сон Фараонот - како стои крај една река.
  
2. И одеднаш - од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат на брегот;
  
3. а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и пасеа со другите крави на брегот.
  
4. И седумте грди и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави, и не се познаваше дека ги изеле. Тогаш се разбуди Фараонот.
  
5. Потоа видел втор сон, а тоа - седум класја израснале од едно стебло, јадри и убави;
  
6. а по нив израснале седум празни, исушени од ветар.
  
7. Потоа празните и исушените класја ги изеле седумте големи и јадри класја. Тогаш Фараонот се разбуди, но тоа било сон.
  
8. Утредента беше тој вознемирен во душата, та нареди, и беа повикани сите гаталци египетски и сите мудреци. И Фараонот им раскажа што сонил, но никој не се најде да го протолкува сонот на Фараонот.
  
9. Тогаш му проговори на Фараонот главниот пехарник и рече: "Денес се сетив за гревот мој.
  
10. Кога Фараонот се налути на слугите свои и не фрли в затвор во куката на заповедникот стражарски, мене и старешината над лебарите,
  
11. сонувавме во иста нок јас и тој, но секој од нас свој сон видовме по своето значење.
  
12. А таму со нас беше еден млад Евреин, слуга на заповедникот на стражата; ние му ги раскажавме соништата наши, а тој на секого од нас му го протолкува сонот.
  
13. И како што ни кажа, така и стана: мене ме врати Фараонот на мојата служба, а оној другиот беше обесен."
  
14. Тогаш Фараонот нареди, та го повикаа Јосифа, и брзо го изведоа од затворот, а тој се острига и се преоблече, па излезе пред Фараонот.
  
15. А Фараонот му рече на Јосифа: "Сонив сон, а никој не може да ми каже што значи: а за тебе слушам умееш да толкуваш соништа."
  
16. Јосиф му одговори на Фараонот и рече: "Без Бога не може да му се даде на Фараонот точен одговор."
  
17. И му рече фараонот на Јосифа, велејки: "Сонив, како стојам крај брегот на една река;
  
18. и одеднаш - од реката излегоа седум дебели и убави крави, па почнаа да пасат по брегот;
  
19. и ете, по нив други седум крави излегоа, многу грди и слаби во телото, какви што не сум видел полоши во целата земја Египетска, толку грди крави.
  
20. И оние крави, слаби и грди, ги изедоа оние седум дебели.
  
21. А кога им беа во стомакот, не се познаваше дека им се во стомакот, туку пак беа така грди како порано. Тогаш се разбудив.
  
22. Па пак сонив, а тоа - седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави;
  
23. а по нив израснаа седум тенки и празни класја, исушени од ветар.
  
24. И седумте празни класја исушени од ветрот ги проголтаа седумте јадри и убави класја. И сево ова им го раскажав на гаталците, но ниеден не знаеше да ми објасни."
  
25. А Јосиф му рече на Фараонот: "Сонот Фараонот е еден: Господ му јавува на Фараонот, што ке прави.
  
26. Седумте убави крави се седум години, и седумте убави класја се пак седум години; и обата сона Фараонови се еден сон.
  
27. Седумте слаби и грди крави, кои излегоа по оние, се седум години; и седумте класја празни и истенчени од ветар се седум години; ке има седум години глад.
  
28. Тоа е она што веке му го реков на Фараонот: Бог му кажува на Фараонот што ке прави.
  
29. Ете, ке дојдат седум години многу родни по целата земја Египетска;
  
30. а по нив ке настапат седум години гладни; ке се заборави сето она изобилство во земјата Египетска, и глад ке ја сотре земјата.
  
31. Кога ке се појави гладта, нема да се знае дека во земјата порано имало изобилие - поради гладот - што ке дојде, оти ке биде многу голем.
  
32. А тоа, што Фараонот сонил двапати едноподруго, значи дека Божјиот збор е вистински и дека Бог наскоро ке го направи тоа.
  
33. А сега Фараонот нека побара човек мудар и разумен, па да го постави над земјата Египетска.
  
34. И нека заповеда Фараонот да бидат поставени старешини по земјата, па да собираат петина од сите жетви по земјата Египетска во текот на седумте родни години;
  
35. нека собираат тие секаква зрнена храна во седумте родни години што доа аат; житото да го собираат во градовите со овластување од Фараонот и храната во градовите да се чува.
  
36. И таа храна да биде запазена за седумте гладни години што ке настапат во земјата египетска, за да не пропадне земјата од глад."
  
37. Неговиот одговот му се свиде на Фараонот и на сите слуги негови.
  
38. Па им рече Фараонот на слугите свои: "Зар можеме да најдеме чевек, како што е овој, во кого има дух Божји?"
  
39. И му рече Фараонот на Јосифа: "Бидејки Бог тебе ти го откри сево ова, тоа нема човек толку мудар и поразумен како што си ти.
  
40. Ти ке бидеш над домот мој, и целиот народ мој ке го слуша зборот твој; само со престолот ке бидам поголем од тебе."
  
41. И уште му рече Фараонот на Јосифа: "Еве, те поставувам денес тебе над целата земја Египетска."
  
42. И го извади Фараонот прстенот од раката своја и му го стави на Јосифа на рака, и го облече во облека, од најфина ткаенина, и му стави златна веришка околу вратот.
  
43. И заповеда да го возат во неговата втора кола, а гласник пред него да извикува; "Абрек! (Поклонувајте се!)" И го постави над целата земја Египетска.
  
44. И уште му рече Фараонот на Јосифа: "Јас сум Фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја Египетска.
  
45. И го нарече Фараонот Јосифа Пеонтомфаних; и го ожени со Асенета, керката на Петефри, илиополски жрец.
  
46. А Јосиф имаше триесет години, кога се претстави пред Фараонот, царот египетски. И, откако отиде од Фараонот, тој ја обиколи целата земја Египетска.
  
47. И за седум родни години земјата роди во изобилство.
  
48. И собираше Јосиф за тие седум години секаков вид жито, што го даваше земјата Египетска, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви.
  
49. Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокта морска, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број.
  
50. А пред да настана гладните години, му се родија на Јосифа два сина, кои му ги роди Асенета, керката на Петефри, жрецот илиополски.
  
51. И на првородениот Јосиф му стави име Манасија, велејки: "Оти Бог ми направи да ги заборавам несреките мои и целиот дом на мојот татко."
  
52. А вториот го нарече Ефрем, велејки: "Бидејки Бог ме направи плоден во земјата на маките мои."
  
53. Но изминаа седумте родни години во земјата Египетска,
  
54. и настапија седумте гладни години, како што беше рекол Јосиф. И настана глад по сите земји, а во целата земја Египетска имаше леб.
  
55. Но, кога почна да гладува и земјата египетска, народот му записка на Фараонот за леб. А Фараонот им рече на сите Египтјани: "Одете кај Јосифа, па како што ке каже тој, така правете."
  
56. А кога гладот се прошири во целата земја, ги отвори Јосиф сите житници и почна да им продава на Египтјаните жито, оти гладот стана жесток и во земјата Египетска.
  
57. И од сите земји доа аа во Египет, да купуваат жито од Јосифа, бидејки настана голем глад насекаде.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES