Bible Study: FrontPage




 

Битие, Chapter 47

Bible Study - Битие 47 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И отиде Јосиф, па му јави на Фараонот, велејки: "Таткото мој и браката мои, со овците нивни и говедата нивни, и со се што имаа, дојдоа од земјата Хананска; и, ете, тие се сега во земјата Гесемска."
  
2. И земајки од браката свои пет души - ги претстави пред Фараонот.
  
3. А Фараонот им рече на браката Јосифови: "Каква работа работите?" Тие му одговорија на Фараонот: "Овчари се слугите твои, и ние и нашите татковци, од детство па до сега."
  
4. И уште му рекоа на Фараонот: "Дојдовме да поживееме во оваа земја, зашто нема пасишта за доботокот на слугите твои, бидејки голем глад завладеа во земјата Хананска; затоа дозволи им на слугите твои да се населат во земјат Гесем Арабиски."
  
5. А Фараонот му рече на Јосифа: "Таткото твој и браката твои дојдоа при тебе;
  
6. земјата Египетска е во твоја власт; насели ги на најдобро место: таткото твој и браката твои; нека живеат во земјата Гесем; и, ако знаеш, дека ме у нив има способни лу е, постави ги за надгледници над мојот добиток."
  
7. Потоа го доведе Јосиф Јакова, таткото свој и го претстави пред Фараонот: Јаков го благослови Фараонот.
  
8. А Фараонот го праша Јакова: "Колку години имаш?"
  
9. Му одговори Јаков на Фараонот: "Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет; годините на мојот живот беа кратки и злочести и не ги достигнаа дните на татковците мои, колку што тие живееја."
  
10. Потоа се збогува со Фараонот и, откако го благослови, Јаков си отиде од него.
  
11. А Јосиф ги насели и таткото свој и браката свои и им даде најдобро место во сопственост во земјата Египетска во областа Рамзес како што беше заповедал Фараонот.
  
12. И му даде Јосиф жито на таткото свој и на браката свои, и на целиот татков дом, според бројот на членовите.
  
13. Но жито немаше по целата земја, зашто гладот стана многу голем: се истошти земјата Египетска и земјата хананска од глад.
  
14. И ги собра Јосиф сите пари што се нао аа во земјата египетска и во земјата Хананска, мерејки им жито, што го купуваа, и ги однесе во домот Фараонов.
  
15. И снема пари во земјата египетска и во земјата Хананска. Тогаш сите Египтјани почнаа да доа аат кај Јосифа и викаа: "Дај ни леб! Зошто да умираме пред тебе? Парите веке свршија."
  
16. А Јосиф им велеше: "Дајте го доботокот свој, па ке ви дадам леб за доботокот, штом парите сте ги потрошиле."
  
17. И го доведуваа добитокот свој кај Јосифа, а Јосиф им даваше жито за коњите, за овците, за воловите и за ослите. Така ги исхрани таа година со жито во замена за сиот добиток нивни.
  
18. А кога помина таа година, почнаа пак да доа аат кај него и втората година, велејки: "Зар да изгинеме пред господарот наш? Бидејки парите наши свршија, а и добитокот и имотот што го имавме пред тебе, и кај господарот наш, па не ни остана веке ништо да му донесеме на господарот наш, освен телата наши и нивите наши.
  
19. За да не пропаднеме пред очите твои, купи не нас и нивите наши за жито, па ние и земјата наша да му станеме робови на Фараонот. А ти дај ни семе, да сееме и да останеме живи и да не умреме, та и земјата да не запусти."
  
20. И тако Јосиф ја купи за Фараонот сета земја во земјата Египетска, бидејки сите Египтјани ја продадоа својата земја на Фараонот, зашто гладот ги притисна. И земјата стана Фараонова.
  
21. А народот го пороби од едниот крај на Египет до другиот.
  
22. Само не ги купи имотите на жреците, бидејки Фараонот имотите им ги подарил, и тие се хранеа од давачки, што им ги определил Фараонот. Затоа тие не ја продадоа земјата своја.
  
23. Јосиф, пак, им рече на сите Египтјани: "Ете, ве купив денес вас и нивите ваши за Фараонот. Па, еве ви семе, и посејте ги нивите.
  
24. Но од родот една петина ке му давате на Фараонот, а четирите дела нека останат за вас: за сеење на нивите и за прехрана ваша и на оние, кои се по домовите ваши."
  
25. А тие рекоа: "Ти ни го запази животот; нека најдеме милост пред господарот наш и да му бидеме робови на Фараонот."
  
26. И донесе Јосиф закон, кој е и денес во сила во земјата Египетска: петина му припа а на Фараонот, освен од земјата на жреците, што не стана Фараонова.
  
27. А Израил се насели во земјата египетска, во областа Гесем, која ја држеше, и се изнародија и намножија многу.
  
28. И поживе Јаков во земјата Египетска седумнаесет години; а деновите на Јакова броеја сто и четириесет и седум години
  
29. А кога се наближи времето Израил да умре, го повика синот свој Јосифа и му рече: "Ако сум нашол милост пред тебе, стави ја раката твоја под бедрото мое, и направи ми милост и вети ми: немој да ме погребеш во Египет.
  
30. Но за да почивам кај татковците мои, затоа пренеси ме од Египет горе и погреби ме во гробот нивни." А тој рече: "Kе направам како што велиш."
  
31. И му рече: "Заколни ми се!" И тој му се заколна. Тогаш Израил му се поклони врз перницата на постелата.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES