Bible Study: FrontPage




 

Исаија, Chapter 14

Bible Study - Исаија 14 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. "Блиску е времето негово, нема да задоцнат дните негови; зашто Господ ке го помилува Јакова и пак ке го засака Израилот; ке ги насели во земјата нивна, ке се присоединат кон нив ту инци и ке се прилепат кон домот Јаковов.
  
2. Kе ги земат народите и ке ги одведат на местото нивно; домот Израилев ке ги присвои на земјата Господова како робови и робинки, ке ги земе во плен своите пленители и ке владее над своите угнетувачи.
  
3. Во оној ден, кога Господ те оттргна од скрбта твоја, од стравот и од тешкото ропство, под кое беше заробен,
  
4. ти ке запееш победничка песна против вавилонскиот цар и ке речеш: како исчезна мачителот и прекина тиранијата!
  
5. Господ го скрши жезлото на нечесните, скиптарот на владетелите,
  
6. кој јаросно ги поразуваше народите со бескрајни удари, гневно владееше над племињата свои со незадржливо прогонување.
  
7. Целата земја здивна, почива, воскликнува од радост;
  
8. и кипарисите се радуваат за тебе и кедрите ливански, велејки: откако заспа ти, никој не доа а да не сече.
  
9. Пеколот адски се раздвижи заради Тебе, за да Те пречека при Твоето влегување; со Тебе се разбудија сите водачи на земјата; изместувајки ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни.
  
10. Сите тие ке ти говорат: и ти стана безсилен како нас! И ти стана сличен на нас.
  
11. Гордоста ти е симната во пеколот, со сиот твој шум; под тебе има гнилеж за постилка, а црви се твојата покривка.
  
12. Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.
  
13. А во срцето свое си велеше: "Kе се искачам на небото, ке го издигнам престолот свој погоре од Божјите sвезди и ке седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот;
  
14. ке се искачем до висините на облаците, ке бидам сличен на Севишниот.
  
15. Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот.
  
16. Оние што ке те видат, ке се загледадат во тебе, ке си речат за тебе: тое ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше,
  
17. вселенеата во пустиња ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни?
  
18. Сите царства на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница;
  
19. а ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, како облека на убиени, на погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, - како изгазен труп,
  
20. нема да се соединиш со нив во гробот; зашто ти ја разори земјата своја, го уби народот свој: племето на злодејците засекогаш нема да се спомне.
  
21. Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели.
  
22. "И ке станам против нив, вели Господ Саваот, и ке ги истребам името на Вавилон и целиот остаток - и син, и внук, вели Господ.
  
23. И ке ги направам ежово владение и кал, ке го изметам со истребувачка метла, вели Господ Саваот.
  
24. Со клетва вели Господ Саваот: "Како што намислив, така и ке биде; како што решив, така и ке стане,
  
25. за да го погубам Асура во Мојата земја и да го изгонам од Моите гори; ке падне од нив јаремот негов, и товарот ке се симне од рамењата нивни."
  
26. Такво е решението, определено за целата земја, и еве ја раката, протегната врз сите народи;
  
27. зашто Господ Саваот решил, и кој може да го измени тоа? Раката Негова е протегната, - и кој ке ја врати?
  
28. Во годината, кога умре царот Ахаз, имаше вакво пророчко слово:
  
29. ‘Немој да се радуваш, земјо Филистејска, дека е скршен жезалот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ке излезе отровница и плодот нејзин ке биде змеј што лета.
  
30. Тогаш најбедните ке бидат нахранети, немокните ке си почиваат во безопасност; а твојот корен со глад ке го уморам, и тоа ке го убие твојот остаток.
  
31. Ридајте, порти, викај граде, на глас! Kе се раздробиш ти, цела земјо Филистејска; зашто од север иде дим, нема изморен во нивните војски.
  
32. А што ке соопштат известувачите народни? - Тоа дека Господ го утврдил Сион, и дека во него ке најдат засолниште сиромасите од народот Негов.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES