|
|
Исаија, Chapter 64
1. О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое,
2. како оган што растопува восок, како од оган што вода зовира, така ке го познаат името Твое напријателите и од Твоето лице ке затреперат народите.
3. Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, - гори се топеа од Твоето лице.
4. Зашто од секогаш не бевме слушале, не бевме внимавале со увото, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, којшто направил толку многу за оние, кои не Него се надеваат.
5. Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ке бидеме спасени?
6. Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда - како извалкана облека; сите попа авме како лист; а беззаконијата наши како ветар не однесуваат.
7. Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и не остави да гинеме од беззаконијата свои.
8. Но сега, Господи, Ти си наш Отец; ние сме глина, а Ти - наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце.
9. Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ.
10. Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустиња стана Сион; Ерусалим е опустошен.
11. Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа.
12. По сево ова, ке се воздржуваш ли уште, Господи, ке молчиш ли и ке не назнуваш ли без мерка?
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|