Bible Study: FrontPage




 

Еремија, Chapter 52

Bible Study - Еремија 52 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Седекија беше на двесет и една година, кога почна да царува, и царуваше во Ерусалим единаесет години; името на неговата мајка беше Хамутал, керка на Јеремија од Ливна.
  
2. И тој вршеше зло пред очите на Господа, сето она што го изврши Јоаким;
  
3. заради тоа гневот Господен се нафрли над Ерусалим и над Јуда, додека ги отфрли од лицето Свое. А Седекија се одметна од вавилонскиот цар.
  
4. И во деветтата година од царувањето негово, во десеттиот месец, во десеттиот ден од месецот, дојде Навуходоносор, вавилонскиот цар, тој и сета негова војска против Ерусалим, го опседна и подигна околу него насипи.
  
5. И остана градот опсаден до единаесеттата година на царот Седекија.
  
6. Во четвртиот месец, во деветтиот ден од месецот, се засили гладот во градот, и народот во земјата немаше леб.
  
7. Се направи пролом во градот и сите војници избегаа од градот ноке низ портите, што се нао аа ме у двата sида до царската градина, па отидоа по патот кон пустелијата; а Халдејците беа околу градот.
  
8. Но халдејската војска изврши потера по царот, и го стигна Седекија во јерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него.
  
9. И го фатија царот и го доведоа пред вавилонскиот цар во Ривла, во земјата Емат, каде што му беше судено.
  
10. И така ги закла вавилонскиот цар синовите на Седекија пред очите негови, ги закла и сите кнезови јудејски во Ривла;
  
11. а на Седекија му ги извади очите и заповеда да го оковат во бакарни окови; па го одведе вавилонскиот цар во Вавилон и го стави во стражарницата до денот на неговата смрт.
  
12. Во петтиот месец, во десеттиот ден од месецот, тоа беше деветнаесеттата година на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде во Ерусалим Навузардан, началникот на телохранителите, кој му служеше на царот вавилонски,
  
13. и го запали домот Господен, царскиот дом и сите куки во Ерусалим, и сите големи куки со оган ги изгори.
  
14. И сета војска халдејска, која беше со началникот на телохранителите, ги урна сите sидови околу Ерусалим.
  
15. Навузардан, началникот на телохранителите, ги исели бедните и другиот народ, што беше останал во градот, и одметниците, што му се предадоа на вавилонскиот цар, и воопшто сиот прост народ.
  
16. Само неколкумина од бедните во земјата Навузардан, началникот на телохранителите, ги остави како лозари и земјоделци.
  
17. Халдејците ги испокршија и бакарните столбови, што беа во домот Господен, и подножјата, и бакарното море, кое беше во домот Господен, па го однесоа сиот бакар во Вавилон.
  
18. И ги зедоа котлите, лопатките, ножевите, чашите, лажиците и сите бакарни садови што се употребуваа при богослужбата;
  
19. началникот на телохранителите ги зеде и умивалниците и машичките и чашите и котлињата и кандилцата и секачите, се што беше од злато и што беше од сребро;
  
20. исто така, и двата столба, едно море, дванаесет бакарни волови кои служеа како подножја, што царот Соломон ги направи во домот Господен; бакарот на сите тие предмети не можеше да се процени.
  
21. Секој од тие столбови беше висок по осумнаесет лакти, а врв од дванаесет лакти ги опкружуваше, одвнатре беше шуплив, а страните му беа дебели четири прсти.
  
22. И имаше над него бакарна глава, а главата беше висока пет лакти; и мрежичката на наровите наоколу беа сите од бакар; исто така беше и другиот столб со нарови.
  
23. Наровите од сите страни беа деведесет и шест; а сите нарови околу мрежичката - сто.
  
24. Началникот на телохранителите го зеде исто така Сераија, првосвештеникот, и Софонија, вториот свештеник, и трите чувари на прагот.
  
25. А од градот зеде еден дворјанин, кој беше началник над војниците, и седум мажи, што му служеа на царот, кои се нао аа во градот, и главниот писар во војската, кој го запишуваше народот од земјата за војска, како и шеесет мажи, од народот во земјата, најдени во градот.
  
26. И ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе при вавилонскиот цар во Ривла.
  
27. И ги уби вавилонскито цар и ги погуби во Равла, во земјата Емат; и така иселен беше Јуда од земјата своја.
  
28. Еве го народот, кој Навуходоносор го исели: во седмата година - три иљади и дваесет и тројца Јудејци.
  
29. Во осумнаесеттата година на Навуходоносора од Ерусалим беа иселени осумстотини триесет и две души;
  
30. Во дваесет и третата година на Навуходоносора, Навузардан, началникот на телохранителите, иссели седумстотини четириесет и пет души Јудејци; се на се - четири иљади и шестотини души.
  
31. Во триесет и седмата година по преселувањето на јудејскиот цар Јоаким, во дванаесеттиот месец, во дваесет и петтиот ден од месецот, Евилмеродах, цар вавилонски, во првата година од своето царување, го подигна јудејскиот цар Јоаким и го изведе од затвор.
  
32. И откако пријателски си поразговараа, го постави перстолот негов повисоко до престолите на другите цареви, што беа при него во Вавилон;
  
33. и му ги смени затворските облеки, па тој секогаш со него јадеше во сите дни од животот свој.
  
34. И трошоците негови, разните потреби, му се даваа од царот секој ден до денот на неговата смрт, во текот на сите денови од неговиот живот.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES