Bible Study: FrontPage




 

Плач Еремиин, Chapter 2

Bible Study - Плач Еремиин 2 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Како ја помрачи Господ во гневот Свој керката Сионова! Од небесата ја симна славата Израилева и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев.
  
2. Господ ги сотре сите живеалишта на Јакова, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на керката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти.
  
3. Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израилеви, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јакова како огнен пламен, кој проголтува се наоколу;
  
4. го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби се што е мило за очите; врз скинијата на керката Сионова ја излеа како оган јароста Своја.
  
5. Господ стана како непријател, го истреби Израилот, му ги разори сите домови негови, ги разруши тврдините негови и умножи при керката Јудина тага и плач.
  
6. И ја сруши оградата Своја како од градина; го разори местото Свое во собранието, Господ направи на Сион да се забораваат поразниците и саботите; и во Своето гневно негодување отфрли и цар и свештеник.
  
7. Го отфрли Господ жртвеникот Свој, го одврати срцето Свое од светилиштето Свое, ги предаде на непријателите sидовите на дворците нивни; во домот Господен тие се развикаа како во празничен ден.
  
8. Господ реши да ја разруши карпата на керката Сионова, оптегна јаже, не ја одврати раката Своја од разрушувањето; ги сосипа надворешните тврдини, и sидовите беа заедно со нив разрушени.
  
9. Портите нејзини во земја потонаа; Он ги разруши и ги уништи резињата нивни; царот нејзин и кнезовите нејзини се ме у незнабошците; нема веке закон, и пророците нејзини веке не се удостојуваат со виденија од Господа.
  
10. Старешините на керката Сионова седат на земи и молчат, си ги посипуваат со пепел главите свои, се препашуваат со врекиште; ги наведнале главите кон земјата девојките ерусалимски.
  
11. Ми се истрошија од солзи очите мои, утробата ми се превртува, срцето ми се кине, зашто гине керката на мојот народ, кога децата и цицалчињата умираат од глад по плоштадите на Ерусалим.
  
12. Умирајки како ранети по градските улици, тие им велат на мајките свои: "каде има жито и вино?" и ги испуштаат душите свои во мајчините прегратки.
  
13. Што да ти кажам и со што да те споредам, керко ерусалимска? Што да ти направам, за да те утешам, девојко, керко Сионова? Зашто раната твоја е како море голема; кој може да те исцели?
  
14. Пророците твои ти кажуваат работи неостварливи и лажни, не ги откриваа твоето беззаконие, за да те одвратат од твоето ропство, и искажуваа лажни откровенија, кои те доведоа до прогонство.
  
15. Раце плескаат за тебе сите што минуваат по пат, си потсвирнуваат и си ги нишаат главите за керката ерусалимска, па велат: "Ова е градот, што го нарекуваа совршенство на убавината, радост на целата земја?"
  
16. Ги отвориле устите на тебе сите непријатели твои, си потсвирнуваат и си крцкаат со забите свои, велејки: "Го проголтавме, та само овој и ден го чекавме ние, го дочекавме и го видовме!"
  
17. Господ го изврши она, што беше определил, го исполни зборот Свој, изречен во поранешните времиња, безмилосно го разори и го предаде на непријателот, за да се порадува над тебе, го крена високо рогот на твоите непријатели.
  
18. Срцето нивно повикува кон Господа. Карпо на керката Сионова! Лиј солзи дење и ноке, не давај си мир, не затворај ги зениците на очите свои!
  
19. Станувај, викај ноке при почетокот на секоја стража; изливај го како вода срцето свое пред лицето на Господа; протегај ги кон Него рацете свои за душата на децата свои, кои умираат од глад по аглите на сите улици.
  
20. "Погледај, Господи, и види: кому си му направил вака - жените да го јадат плодот свој, младенците, од нив отхранети? Во светилиштето Господово да биваат убивани свешеник и пророк?
  
21. Децата и старците лежат на земи по улиците; момите и момците мои паднаа од меч; Ти ги убиваше во денот на Твојот гнев, колеше безмилосно."
  
22. Како на празник ги повика сите мои ужаси, и во денот на гневот Господен никој не се спаси, никој не побегна; оние, што бев ги отхранила и одгледала, непријателот ми ги истреби.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES