Bible Study: FrontPage




 

Левит, Chapter 27

Bible Study - Левит 27 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
  
2. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им - ако некој се заветува да ја посвети душата своја на Господа со цена,
  
3. цената за маж од дваесет до шеесет години да биде шеесет сребрени дидрахми, според свештената мерка.
  
4. Ако е, пак, за жена, цената да биде триесет дидрахми.
  
5. За машко од пет до дваесет години цената ке биде дваесет дидрахми, а за женски десет дидрахми.
  
6. За машко, пак, од еден месец до пет години цената треба да изнесува пет сребрени дидрахми, а за женско три сребрени дидрахми.
  
7. За маж од шеесет години и нагоре цената ке биде петнаесет среберни дидрахми, додека за жена десет дидрахми.
  
8. Ако е сиромав и нема да плати според цената своја, тогаш тој нека се претстави пред свештеникот, и свештеникот нека го процени: според состојбата на оној, што се заветувал, така нека го процени свештеникот.
  
9. Ако е, пак, добиче од оние што Му се принесуваат како жртва на Господа, ако Му се даде од овие на Господа, ке биде свето;
  
10. да не се заменува доброто со лошо, или лошото со добро; ако некој замени добиче со добиче тогаш и добичето и неговата замена ке бидат светиња.
  
11. Ако е тоа нечист добиток, што не се принесува како жртва на Господа, тој нека му биде претставен на свештеникот,
  
12. и свештеникот да процени, дали е тој добар, или лош; како ке го оцени свештеникот, така и нека биде;
  
13. ако некој сака да го откупи, нека додаде кон цената уште една петина.
  
14. Ако некој Му ја посветува на Господа куката своја за светиња, свештеникот да ја процени, дали е таа добра, или лоша; како што ке ја оцени свештеникот, така и да биде.
  
15. Ако оној што ја посветил, побара да ја откупи куката своја, нека приложи уште една петина во сребро кон цената нејзина, и тогаш таа нека биде негова.
  
16. Ако некој Му посвети на Господа од имотот свој нива, процената треба да биде сразметно со посеаното: за еден гомер јачмен - педесет сребрени дидрахми.
  
17. Ако некој ја посветува нивата своја во прошталната година, тоа треба да биде според нејзината проценка.
  
18. Ако некој ја посветува нивата своја по прошталната година, треба да биде според неа и процената. Ако ја посветува најдоцна до прошталната година, свештеникот нека ја определи цената во сребро според годините што остануваат до идната проштална година, и да одземе и за толку да ја намали цената.
  
19. Ако оној, што ја посветил нивата своја, побара да ја откупи, нека додаде уште една петина во сребро кон цената нејзина, и таа нека биде негова.
  
20. Ако, пак, тој не ја откупи нивата своја и нивата биде продадена на друг човек, тој веке не може да ја откупи;
  
21. таа нива, откако ке биде ослободена во прошталната година, нека биде светиња Господова; таа нека биде земја одделена од сопственост и да биде за свештеникот.
  
22. Ако некој Му посвети на Господа купена нива, која не е во селото на имотот негов,
  
23. свештеникот нека ја определи цената нејзина до прошталната година, и тоај да ја даде, според она како што е пресметано, во истиот ден, како светиња Господова;
  
24. а нивата во прошталната година пак нека мине на оној, од кого била купена и кој што владеел со таа земја.
  
25. Секоја проценка да се врши според свештената мерка - дваесет пенези да чинат една дидрахма.
  
26. А секое првородено што ке се роди ме у добитокот твој, никој не може да го заветува: било вол, било од овците - тие се Господови.
  
27. Ако, пак, добитокот е нечист, да се откупува според цената негова и да се додаде кон неа уште една петина; ако не се откупи, тогаш нека се продаде според неговата процена.
  
28. А се‘ што човек Му ветува на Господа со клетва од она, што ги има - од човек до добиток или нива од имотот свој, да не се продава ниту да се откупува: секој завет со клетва е најсвета светиња Господова.
  
29. И се‘ што е ветено од лу ето со клетва, не се откупува: тоа треба да се предаде на смрт.
  
30. И секоја десетина од земјата, од земните семиња и од плодовите на дрвјата Му припа аат на Господа: тоа се светиња Господова;
  
31. ако некој ја откупи десетината своја, да додаде кон цената нејзина уште една петина.
  
32. И секој десеток од воловите, од овците и од се‘ десето што ке падне под жезал, треба да Му падне на Господа;
  
33. и да не се заменува добро за лошо, ниту лошо за добро; ако некој го замени, тогаш тоа самото и неговата замена да бидат светиња - да не се откупува."
  
34. Тоа се заповедите, кои Господ им ги даде на синовите Израилеви преку Мојсеј на планината Синај.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES