Bible Study: FrontPage




 

Левит, Chapter 3

Bible Study - Левит 3 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. "Но, кога некој принесува жртва за спасение, како свој дар на Господа, а ја приенува од говедо, било машко или женско, наке ја принесе пред Господа без недостаток;
  
2. и нека ги положи рацете свои врз главата на дарот, и нека ја заколе пред Господа при влезот во скинијата на сведоштвото, а свештениците, синовите Аронови, нека ја измијат крвта на жртвеникот одозгора наоколу.
  
3. Од жртвата за спасение нека Му принесат на Господа принос - лојта што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатрешнината.
  
4. И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со бубрезите;
  
5. синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица, што е врз дрвата, на огнот кој е на жртвеникот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Годспода.
  
6. Ако, пак, Му се принесува на Господа жртва за спасение од овците, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток.
  
7. Ако јагне принесува како дар свој, нека го приведе пред Господа;
  
8. и нека ја положи раката своја врз главата на дарот свој, и нека го заколе пред вратата од скинијата на сведоштвото, а синовите Аронови нека го попрскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу.
  
9. Потоа од жртвата за спасение нека ја принесат како жртва на Господа и лојта, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината,
  
10. и обата бубрега и лојот што е на нив и што е на бедрата, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го одделат;
  
11. свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; мирис пријатен, принос на Господа.
  
12. Ако, пак, принесува како дар свој на Господа од козите, нека ја претстави пред Господа,
  
13. и нека ги положи рацете свои врз главата негова, па нека ја заколе пред Господа пред вратата од скинијата на сведоштвото, а синовите Аронови нека ја излијат крвта врз жртвеникот одозгора наоколу.
  
14. Потоа свештеникот од неа нека Му го принесе на Господа како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа,
  
15. и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по бедрата, и кошулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели.
  
16. А свештеникот нека го изгори на жртвеконот; тоа е принос, благопријатен мирис на Господа; сиот лој е за Господа.
  
17. Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES