|
|
Михеј, Chapter 4
1. И, ете, затоа во последните дни планината на Господовиот Дом, ке биде поставена на чело над сите планини, и ке се издигне над ридовите, и ке поитаат кон неа народите.
2. И ке тргнат многу народи, и ке речат: "Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јакова - и Он ке не научи на Своите свети патишта, и ке одиме по патеките Негови; зашто од Сион ке излезе Законот, и од Ерусалим - словото Господово.
3. Он ке им суди на многу народи и ке изобличи многу племиња во далечни краишта; па ке ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои - во српови; и народ против народ нема да крене веке меч, и нема веке да се учат да војуваат;
4. секој ке седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Господа Саваот го изрекла тоа.
5. Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ке одиме во името на Господа, нашиот Бог, секогаш и довека."
6. Во оној ден, вели Господ, ке соберам се што е хромо, и ке соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум допуштил беда.
7. И ке направам од остатокот на хромите и прснатите по светот силен народ, и Господ ке царува над нив на гората Сион од сега па довека.
8. А ти, куло на стадото, риду на Сионовата керка, при тебе ке дојде и ке се врати поранешното владение, царството - при керките ерусалимски.
9. А зошто ти сега така гласно плачеш? Зар немаш цар или ти недостига советник, па те обзеле маки како кај родилка?
10. Страдај и мачи се од болки, керко Сионова, како родилка, зашто сега ке излезеш од градот, ке живееш во полето и ке стигнеш во Вавилон. Таму ке бидеш избавена, таму ке те откупи Господ од рацете на непријателите твои.
11. А сега се собрани многу народи против тебе и велат: "Нека биде осквернета и очите наши да се нагледаат на Сион!"
12. Но тие не ги знаат замислите на Господа и не ги разбираат намерите Негови - дека Он ги собрал како снопје на гумно.
13. Стани и удирај, керко Сионова, оти Јас ке го направам рогот твој железен и копитата твои бакарни; ке прегазиш многу народи, и нивните трудови и богатства ке ги посветиш на Господа - Владетелот над целата земја.
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|