|
|
Неемија, Chapter 10
1. Оние што удрија печат, беа: Неемија, Артастас, син Ахилиев, и Седекија, син Араиев
2. Серанија, Азарија, Јеремија,
3. Фасур, Амарија, Мелхија,
4. Атуст, Севанија, Малух,
6. Даниил, Ганатон, Варух,
7. Месулам, Авија, Мијамин,
8. Мазија, Велгај, Самаија: тоа се свештеници.
9. Левити: Исус, син Азариев, Внеј, од синовите Инададови, и Кадмиил;
10. и браката нивни: Саванија, Одуија, Камтан, Фелија, Анан,
11. Миха, Рехов, Асевија,
12. Закхор, Саравија, Севанија,
13. Одуја, Вануиј, синови Ваниуеви.
14. Народните кнезови: Фарос, Фат-Моав, Илам, Затуј, синови Ваниини,
16. Ананија, Вагој, Идин,
20. Мегафис, Месуалм, Изир,
21. Месезевил, Садук, Једуја,
22. Фалтија, Анан, Анаја,
23. Осија, Ананија, Асув,
25. Фаум, Есаванија, Масија,
28. И другиот народ, свештеници, левити, вратари певци, Нетинејци и сите, што беа минале од ту ите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, керките нивни, сите, што можеа да разберат,
29. се присоединија кон браката свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со клетва и проклетство - дека ке постапуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мојсеј, и дека ке ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господа, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови.
30. И да не ги даваат керките свои на ту и народи, и нивните керки да не ги земаат за синовите свои;
31. и кога ту ите народи ке дотераат добиток и се за продавање во сабота, да не земаат од нив во сабота и во свештениот ден, и на седмата година да проштеваа секакви долгови.
32. И си поставивме за закон да даваме од себеси по една третина од сикла годишно за потребите на домот на нашиот Бог:
33. за лебовите на предложението, за постојаниот лебен принос и за постојаната сепаленица, за саботите, за новомесечијата, за празниците, за свештените предмети и за жртвите за грев, за очистување на Израилот, и за се што се врши во домот на нашиот Бог.
34. И фрливме жреб ние, свештениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во одредено време секоја година да ги дотерува во домот на нашиот Бог, за да горат врз жртвеникот на Господа, како што е запишано во Законот.
35. Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;
36. исто така - да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и ситниот добиток свој.
37. И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и елеј ке им испракаме на свештениците во келиите при домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја - на левитите. Тие, левитите, ке собираат десетотк во сите градови, каде што имаме земјоделство.
38. При левитите, кога собираат левитски десеток, ке има свештеник, син Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите одредени за клетови.
39. Зашто во тие простории како Израилевите синови, така и левитите се должни да носат се, што се принесува како дар: жито, вино и елеј. Таму се и свештените садови, и свштениците што служат, и вратарите и певците. И ние нема да го оставиме домот на нашиот Бог.
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|