|
|
Неемија, Chapter 5
1. Се крена голем врисок од лу ето и нивните жени, против Јудејците, браката нивни.
2. Имаше едни, кои велеа: "Ние, синовите наши и керките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме."
3. Имаше и такви, што велеа: "Ги заложуваме нивните свои, лозјата свои и куките свои, за да си набавиме жито при оваа глад."
4. Имаше и такви, кои велеа: "Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои;
5. ние имаме исто тела, какви што се телата на браката наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и керките свои за слуги, а, пак некои наши керки веке се нао аат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците."
6. Кога го чув нивниот врисок и тие зборови, многу се јадосав.
7. Срцето мое се возбуди, и јас строго ги искарав првенците и војводите, велејки им: "Вие земате лихва од браката свои." И свикав против нив големо собрание,
8. па им реков: "Ние според силите свои ги откупуваме браката свои Јудејци, продадени на народите, а вие ги продавата браката свои, и тие ни се продаваат нам?" Тие молчеа и не знаеја, што да одговорат.
9. Тогаш реков: "Не е добро што правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог, за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели?
10. И јас и браката мои и оние што служат при мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг.
11. Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куките нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и елејот, што сте го зеле од нив."
12. А тие одговорија: "Kе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ке направиме така, како што велиш." Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да дадат клетва, дека ке направат така.
13. Па ја истресов облеката своја и реков: "Така да го истресе Бог секој човек, што нема да го одржи тој збор, од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно се!" И целото собрание рече: "Амин!" и го прославија Бога; и народот го одржа тој збор.
14. Од тој ден, кога бев определен за нивни управител во Јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браката мои не јадевме управителски леб.
15. А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте сикли сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји.
16. Притоа јас ги поттикнував работите кај овој sид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа.
17. При мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, освен оние што доа аа при нас од околните народи.
18. И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И при сето тоа јас не сакав управителски леб, зашто тешка работа лежеше врз тој народ.
19. Боже мој, спомни ме мене за сето добро, што го направив за овој народ!
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|