Bible Study: FrontPage




 

Броеви, Chapter 19

Bible Study - Броеви 19 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И им рече Господ на Мојсеја и Арона, велеки:
  
2. "Еве ја наредбата на законот, што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите Израилеви да ти доведат јуница црвеникава, без повреда, без недостаток, и која не била впрегнувана;
  
3. дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата на чисто место, и да ја заколат пред него.
  
4. И нека зема свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска од нејзината крв седумпати пред скинијата на сведоштвото.
  
5. И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото нејзино, и крвта, а и нечистотиите нејзини - да ги изгорат.
  
6. И свештеникот да зема кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги стави во средината на огнот каде што гори јуницата.
  
7. А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ке биде нечист до вечерта.
  
8. И оној, што ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта.
  
9. А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите Израилеви, за приготвување очистителна вода.
  
10. А оној, пак, што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконение за синовите Израилеви и за придојдените, што живеат ме у нив.
  
11. Оној што ке се допре до мртво тело на кој и да било човек, да биде нечист седум дена:
  
12. тој треба да се очисти со таа вода на третиот ден и на седмиот ден, и ке биде чист; ако, пак, не се очисти на третиот и седмиот ден, нема да биде чист.
  
13. Секој, што се допрел до мртво тело на кој и да било умрен човек и не се очистил, ке ја оскверни скинијата Господова; тој човек да се истреби од Израилот, зашто не е попрскан со вода за очистување, тој е нечист, нечистотата е се‘ уште на него.
  
14. Еве го законот: ако човек умре дома, тогаш секој, што ке влезе во домот, и се‘ што е во шаторот, да биде нечисто седум дена;
  
15. секој откриен сад, незаврзан и непокриен, е нечист.
  
16. Секој, што ке се допре в поле до ранет, или до умрен, или до човечка коска, или до гроб, да биде нечист седум дена.
  
17. За нечистиот да земат пепел од онаа изгорена жртва за очистување и да сипаат над неа изворска вода во сад.
  
18. И некој чист нека зема исоп и нека го потопи во вода и да го попрска домот и сите садови и лу е, што ке се најдат таму, и оној, што се допрел до човечка коска, или до ранет, или до умрен, или до гроб;
  
19. и чистиот да го попрска нечистиот на третиот и седмиот ден и во седмиот ден тој ке се очисти; и да ја испере облеката своја, и да го измие телото свое со вода, и нечист ке биде до вечерта.
  
20. Ако некој се оскверни и не се очисти, тој човек да се истеби од народот, зашто тој го осквернил светилиштето Господово: тој не е испрскан со вода за попрскување, нечист е.
  
21. Тоа нека ви биде вечна наредба. И оној, кој прска со вода за попрскување да ја испере облеката своја; и оној кој се допрел до вода за попрскување, да биде нечист до вечерта.
  
22. И се‘, до што ке се допре нечистиот, да биде нечисто, и човек кој се допрел, ке биде нечист до вечерта."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES