Bible Study: FrontPage




 

Броеви, Chapter 29

Bible Study - Броеви 29 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Во седмиот месец, првиот ден од месецот, треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете; тоа да ви биде ден на трубни знаци;
  
2. и принесете сепаленица за благопријатен мирис на Господа: едно теле од говедата, еден овен, седум едногодишни јагниња, без надостаток;
  
3. а заедно со нив и жртва од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за телето, две десетини од ефа за овенот,
  
4. една десетина од ефа за секое од седумте јагниња,
  
5. и еден козел од козите како жртва за грев, за да се палат за вас.
  
6. Освен новомесечните сепаленици и приносите за нив, и преливите нивни, и секогашните сепаленици со нивните приноси и преливи според наредбите, треба да бидат со благопријатен мирис за Господа.
  
7. И десеттиот ден од тој седми месец треба да ви биде посебно свет: смирувајте ги душите свои и никаква работа не вршете;
  
8. а принесете сепаленици за благопријатен мирис на Господа: едно теле, еден овен, седум едногодишни јагниња; тие треба да бидат без недостаток;
  
9. и заедно со нив и принос од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за теле, две десетини од ефа за овен,
  
10. и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња,
  
11. како и еден козел од козите - жртва за грев, за да се помолат за вас, освен жртвите за грев, што се принесуваат во денот на очистувањето, и освен постојаните сепаленици и приносите со нив и преливите за нив, што се принесуваат според наредбите, и жртва на Господа со благопријатен мирис.
  
12. И петнаесеттиот ден од седмиот месец треба да ви биде особено свет: никаква работа не вршете и празнувајте го тој празник Господов седум дена:
  
13. и принесете сепаленица, жртва за благопријатен мирис на Господа: во првиот ден тринаесет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња; тие треба да бидат без недостаток;
  
14. И жртва од пченично брашно, претставена со елеј, три десетини од ефа за секое од тринесетте телиња, две десетини од ефа за секој овен,
  
15. по една десетина од ефа за секое едно од четиринаесет јагниња
  
16. и еден козел од козите жртва за грев, освен постојаната сепаленица принос како и прелив за неа.
  
17. А на вториот ден принесете: дванаесет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток,
  
18. и со нив уште и принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите;
  
19. исто така и козел еден од козите - жртва за грев, освен постојаната сепаленица со приносот и прелив за нив.
  
20. На третиот ден, пак, принесете: единаесет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток,
  
21. а со нив принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите;
  
22. исто така и еден козел од козите жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и прелив за неа.
  
23. На четвртиот ден принесете: десет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток,
  
24. со нив и принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,
  
25. а покрај тоа и еден козел - жртва за грев, освен постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа.
  
26. И на петтиот ден принесете жртва: девет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток,
  
27. и со нив денесете уште и принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,
  
28. а и козел еден - жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и приносот, уште и прелив за неа.
  
29. И на шестиот ден пак, принесете: осум телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток,
  
30. а со нив и принос како и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите;
  
31. а исто така и еден козел од козите - жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и принос и уште и прелив за неа.
  
32. Во седмиот ден принесете: седум телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток,
  
33. и со нив уште принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите,
  
34. а и козел еден како жртва за грев, освен постојаната сепаленица и принос како и прелив за неа.
  
35. Во осмиот ден е крај на празникот: никаква работа не вршите;
  
36. а принесете сепаленица, жртва со пријатен мирис на Господа: едно теле, еден овен, седум едногодишни јагниња без недостаток,
  
37. и заедно со нив принос и прелив за телето, за овенот и за јагнињата, според бројот нивни според наредбите;
  
38. освен тоа уште и еден козел - жртва за грев, покрај постојаната сепаленица, приносот и преливот за неа.
  
39. Принесувајте го тоа на Господа на вашите празници, освен заветите ваши и благодарностите ваши, и сепалениците ваши и жртвите ваши уште и жртви за спасението ваше."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES