Bible Study: FrontPage




 

Броеви, Chapter 3

Bible Study - Броеви 3 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеја на планината Синај.
  
2. Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авуид, Елеазар и Итамар.
  
3. Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.
  
4. Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога донесоа ту оган пред Господа во Синајската пустиња, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татка си Арона.
  
5. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
  
6. "Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арона, за да му служат;
  
7. и нека тие бидат на стража за него и на стража за целото општество Израилево при скинијата на сведоштвото, за да се извршуваат службите при скинијата;
  
8. и да ги пазат сите сосуди во скинијата на сведоштвото и да бидат на стража за синовите Израилеви во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.
  
9. И дај му ги левитите на Арон, братот твој, и на синовите негови свештениците: нека Ми бидат тие дадени како дар од синовите Израилеви.
  
10. А Арон и синовите негови постави ги над скинијата на сведоштвото, за да ја пазат свештеничката дожност и се‘ што е кај жртвеникот и зад завесата; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен."
  
11. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
  
12. "Ете, Јас си зедов левитите ме у синовите Израилеви наместо сите првородени од Израилевите синови, што ја отвораат утробата, тие се откуп; левитите да бидат Мои,
  
13. бидејки сите првородени се Мои; во денот, кога ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас си осветив за Себе сите Израилеви провородени од човек до добиток: тие да бидат Мои. Јас сум Господ."
  
14. И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, велејки:
  
15. "Преброј ги Левиевите синови според домовите нивни, според родовите нивни, преброј се‘ од машки пол од еден месец, и нагоре!"
  
16. И ги преброи Мојсеј и Арон според зборовите Господови, како што беше заповедано.
  
17. Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерари.
  
18. А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ловен и Семеј.
  
19. И Катовите синови според родовите нивни: Амрам и Исар, Хеврон и Узиил.
  
20. И Мерариевите синови според родовите нивни: Моли и Муси. Тоа се Левисвите родови според домовите нивни:
  
21. Од Гирсона произлегува родот Ловенов, родот Семејов: тоа се Гирсоновците.
  
22. Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум иљади и петстотини.
  
23. Родовите на Гирсоновци се беа сместиле зад скинијата, кон запад.
  
24. Началник на поколението од Гиросовите синови беше Елисаф, син Даилов;
  
25. на Гирсоновите синови при скинијата на сведоштвото им е доверено да ги пазат: скинијата и покривката нејзина, завесата над влезот во скинијата на сведоштвото,
  
26. оградите од тремот, завесата од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и сите други негови делови.
  
27. Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Исаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Катовците;
  
28. Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум иљади и шестотини, кои го чуваа (пазеа) светилиштето.
  
29. Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата;
  
30. а началникот на племето Каатовци беше Елисафан, синот Узиилов;
  
31. тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, садовите на светилиштето, со кои се служи, и завесата со сите нејзини работи.
  
32. Началник над началниците на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; поставен како стража да го чува светилиштето.
  
33. Од Мерари произлегува родот на Моли и родот на Муси; тоа се родови Мерариови;
  
34. сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест иљади и двесте;
  
35. началник на домот на Мерариевци беше Суриил, син Авихеов; тие да се распоредат на северната страна;
  
36. на Мерариевите синови им беше доверено да ги пазат штиците на скинијата и јажињата нејзини, столбовите, подножјата нејзини, сите сосуди, и сите работи со целото нивно устројство,
  
37. столбовите од тремот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни.
  
38. А од предната страна на скинијата, на исток, сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои место синовите Израилеви, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој ту инец, се доближеше, биваше убиен.
  
39. Сите изброени левити, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, веа дваесет и две иљади.
  
40. И му рече Господ на Мојсеја: "Преброј ги сите првородени синови Израилеви од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично;
  
41. и земи ги левитите за Мене, наместо сите првородени од синовите Израилеви, - Јас сум Господ, - а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите Израилеви."
  
42. И ги преброи Мојсеј, како што му заповеда Господ, сите првородени од синовите Израилеви;
  
43. и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две иљади и двесте и седумдесет и три.
  
44. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
  
45. "Земи ги левитите место сите првородени од синовите Израилеви, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ.
  
46. А за откуп на десте и седумдесет и трите првородени Израилеви, со кои го надминуваа бројот на левитите,
  
47. земи по пет сикли за човек, според свештената сикла земи, по даесет пенези од сикла,
  
48. и дај му го тоа сребро на Арона и на синовите негови, за откуп на оние, што го надминуваат нивниот број."
  
49. И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние, што го надмунуваат бројот на заменетите со левитите.
  
50. Од првородените Израилеви синови зеде сребро иљада и триста и шеесет и пет сикли, според свештената сикла;
  
51. и среброто од откупот, за оние што го надминуваат бројот, Мојсеј му го даде на Арона и на синовите негови според зборовите на Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES