Bible Study: FrontPage




 

Броеви, Chapter 31

Bible Study - Броеви 31 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И му рече Господ на Мојсеја велејки:
  
2. "Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ке се прибереш при народот свој."
  
3. И му рече Мојсеј на народот велејки: "Вооружете ме у вас лу е за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив;
  
4. испратете во војна по иљада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви.
  
5. И од иљадниците Израилеви беа одделени по иљада од секое племе, вкупно дванаесет иљади вооружени за војна.
  
6. И ги испрати Мојсеј во војна, по иљада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака.
  
7. И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол;
  
8. а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени.
  
9. Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија;
  
10. сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа.
  
11. И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток.
  
12. И заробените, и огарбеното и заграбеното му го донесоа на Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите Израилеви, при населбата во Аравот Моавски, кај Јордан, спроти Јерихон.
  
13. Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат.
  
14. И се разгневи Мојсеј на воените началници, иљадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната,
  
15. па им рече: "Зошто ги оставивте живи сите жени?
  
16. ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов.
  
17. А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло;
  
18. а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси.
  
19. И останете надвор од населбата седум дена; сите, што убиле човек и што се допреле до убиен, очистете се на третиот ден, вие и вашите заробеници;
  
20. очистете ја и сета облека, сите кожени предмети, се‘ што е направено од козина, и сите дрвени садови."
  
21. Потоа им рече свештеникот Елеазар на војниците, што беа отишле во војна: "Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја:
  
22. злато, сребро, бакар, железо, калај и олово,
  
23. и се‘ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а се‘, што не минува низ оган, поминете го низ вода;
  
24. и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата."
  
25. И му рече Господ На Мојсеја, велејки:
  
26. "Преброј го заграбеното, од човек до добиоток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството;
  
27. и раздели го ограбеното по половина, на оние што војуваа, што одеа во борба, и ме у целото општество.
  
28. А од војниците, што беа во војна, земи данок за Господа, од душа петстотини, од лу е и од говеда, и од овците и од ослите;
  
29. земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господа.
  
30. А од половината, определена за синовите Израилеви, земи по педесет на човек, од лу ето, од говедата, од овците и ослите, и од сите други животни, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова."
  
31. И направи Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
  
32. И пленот, што остана од грабежот, што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: овци шестотини седумдесет и пет иљади,
  
33. говеда седумдесет и две иљади,
  
34. осли шеесет и една иљада,
  
35. лу е - жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две иљади души.
  
36. Половината, делот на оние, што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: овци триста триесет и седум иљади и петстотини, говеда триста и седум иљади и петстотини.
  
37. На Господа од овците Му се даде шестотини седумдесет и пет;
  
38. говеда триесет и шест иљади, и од тоа дар за Господа седумдесет и два;
  
39. осли триесет иљади и петстотини, а дел од нив за Господа шеесет и еден;
  
40. лу е шеснаесет иљади, и данок од нив за Господа беше триесет и две души.
  
41. И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господа, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
  
42. И од половината, определена за синовите Израилеви, што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната,-
  
43. а половината како дел на општеството беше: овци триста и триесет и седум иљади и петстотини,
  
44. говеда тиесет и шест иљади,
  
45. осли триесет и пет иљади и петстотини,
  
46. лу е шеснаесет иљади.
  
47. Од таа половина, определена за синовите Израилеви, Мојсеј зеде педесетти дел од лу ето и од добитокот и им го даде тоа на левитите, што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ на Мојсеја.
  
48. И дојдоа при Мојсеја начлниците над иљадите од војската, иљадниците од стотниците,
  
49. и му рекоа на Мојсеја: "Твоите слуги ги преброија војниците, што ни се доверени, и ниеден од нив не умрел.
  
50. Еве, Му донесовме принос на Господа кој што нашол - златни предмети, алки, гривни, претења, обетки и веришки, за да се помолат за нас пред Господа.
  
51. И го зеде од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од сите тие изработки.
  
52. И сето злато, донесено од иљадниците и стотниците за вознесување пред Господа, беше шеснаесети иљади и седумстотини и педесет сикли.
  
53. Војниците беа грабала секој за себеси.
  
54. И го зеде Мојсеј и свештеникот Елеазар, златото од иљадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на сведоштвото за спомен на синовите Израилеви пред Господа.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES