Bible Study: FrontPage




 

Броеви, Chapter 6

Bible Study - Броеви 6 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
  
2. "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: ако маж или жена вети да Му се посвети на Господа, да даде завет за да се очисти со Господовата чистота,
  
3. тој треба да се воздржува од вино и од сикер, и од вински оцет, и од оцет од сикер, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје;
  
4. во сите денови на својот завет тој не смее да јаде и да пие ништо, што е приготвено од грозје, - од семките до лушпите.
  
5. Во сите денови на неговиот завет за очистување брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат деновите, во кои Му се посветил на Господа, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава.
  
6. Во сите денови, во кои Му се посветил на Господа, тој не смее да се доближува до мртво тело;
  
7. тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ке умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова;
  
8. во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господа.
  
9. Ако некој кај него умре некој ненадејно, и со тоа се оскверни главата на неговиот завет, да ја истриже главата своја во денот на своето очистување, на седмиот ден да ја истриже,
  
10. а во осмиот ден да му однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото две грлици или два млада гулаба.
  
11. Свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за него за она во што се осквернил и да ја посвети главата негова во тој ден; во тој ден ке се освети во Господа, во деновите на неговиот завет,
  
12. а тој одново треба да ги почне на Господа посветените денови според својот завет и да принесе едногодишно јагне како жртва за престап; поранешните, пак, денови да не се сметаат, зашто главата му беше осквернета.
  
13. И тоа е законот за оној што сака да освети, и во оној ден кога ке завршат деновите за заветот негов, тој сам треба да принесе пред влезот од скинијата на сведоштвото,
  
14. приведувајки Му дар на Господа едно едногодишно машко јагне без недостаток за сепаленица, и едно женско јагне без недостаток како жртва за грев и еден овен без недостаток како жртва за спасение,
  
15. и кошница со лебови без квас од пченично брашно, и лебови месени со елеј, и лебови помазани со елеј, и жртва за нив и за преливање.
  
16. И свешетникот да го денесе тоа пред Господа и да принесе жртва за грев и сепаленица за него;
  
17. овенот да Му го принесе на Господа како жртва за спасение заедно со кошницата бесквасни лебови; исто така свештеникот да го принесе лебот и преливот за него.
  
18. А при влезот од скинијата на сведоштвото ветениот да ја истриже својата посветена глава, и да ја стави косата од својата посветена глава на огнот, што е под жртвата за спасение.
  
19. И да земе свештеникот една сварена плешка од овенот, еден бесквасен леб од кошницата и еден леб и да ги стави во рацете на ветениот, откако тој ке ја истриже својата глава;
  
20. и да го издигне тоа свештеникот, нишајки го пред Господа; тоа е светиња за свештеникот заедно со нишканите приноси и издигнатата плешка. Потоа назореот може да пие вино.
  
21. Тоа е законот за ветениот, кој што ветил да Му даде дар на Господа за неговиот завет, освен она, што не е во состојба да даде: според законот за очистување."
  
22. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
  
23. "Кажи му на Арона и на синовите негови: така да го благословувате синовите Израилеви и говорете им:
  
24. ‘да те благослови Господ и да те чува!
  
25. да погледна милозливо кон тебе Господ со светлото Свое лице на тебе и да те помилува;
  
26. да го сврти Господ кон тебе лицето Свое и да ти даде мир!‘
  
27. Така да го спомнувате името Мое над синовите Израилеви, и Јас, Господ ке ги благословам."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES