Bible Study: FrontPage




 

Псалми, Chapter 78

Bible Study - Псалми 78 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Внимавајте лу е Мои на законот Мој, нека чуе увото ваше што зборува устата Моја.
  
2. Ја отворам устата своја за парабола и ке зборувам за непознатите работи од старо време.
  
3. Се чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши,
  
4. не остана сокриено од нивните деца, зашто на идниот род му се раскажуваше славата на Господа и силата Негова, и чудесата Негови што Он ги изврши.
  
5. Он подигна сведоштво во Јакова и положи закон во Израилот, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои,
  
6. за да знае идниот род, децата, што ке се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца,
  
7. да ги полагаат надежите свои на Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди
  
8. и да не бидат како татковците нивни - род упорен и бунтовен, непостојан по срце и не му остана верен на Бога со духот свој.
  
9. Синовите Ефремови, вооружени, стрелајки со лакови, отстапија во денот на битката:
  
10. тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон.
  
11. Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал,
  
12. чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во Египетската земја, во полето Танеос;
  
13. го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како мев;
  
14. дење ги водеше со облак, а по цела нок - со огнена свтлина;
  
15. разби карпа во пустињата и ги напои како од голема бездна.
  
16. Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки.
  
17. Но ти е продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Ги огорчуваат Севишниот во пустињата:
  
18. го искушуваат Бога со срцето свое, барајки храна за своите души,
  
19. па го нападнаа Бога, велејки "Може ли Бог да приготви трпеза во пустиња?"
  
20. Ете, Он удри во карпата - и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Он да му даде и леб, може ли да му приготви трпеза на Својот народ?
  
21. Поради ова што го чу, Господ ги презре и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јакова и гнев се крена против Израилот,
  
22. затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваат на спасението од Него.
  
23. Он им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата,
  
24. па ги одожди со мана за храна, и им даде леб небесен.
  
25. Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување.
  
26. Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар,
  
27. па ги одожди со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски:
  
28. ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта,
  
29. и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде.
  
30. Но уште не беше милана нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна,
  
31. а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и Израилевите момчиња ги погуби.
  
32. При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови.
  
33. И така им минеа дните нивни во суета и годините нивни во смутови.
  
34. Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обрнуваа и прибегнуваа кон Бога,
  
35. и се секаваа дека Бог е нивни помошник и дека Севишниот Бог е нивни избавител:
  
36. и со устата своја Го мамеа, а со јазикот свој лажеа пред Него;
  
37. но срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов.
  
38. Но Он, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев:
  
39. но Он знаеше дека се тие тело и здив што оди и не се врака.
  
40. Колкупати Го беа загорчувале во пустињата и Го беа разгневувале во безводната земја!
  
41. И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израилев;
  
42. не се секаваа на Неговата рака, ни на денот кога Он ги избави од оној, што ги оскрбуваше;
  
43. кога ги покажа во Египет Своте знаци и во полето Тенеос - Своите чудеса;
  
44. и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат;
  
45. испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги погубуваат;
  
46. житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивни на скакулци;
  
47. лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни - со слана.
  
48. и добитокот нивни го уништи со град, а имотот нивни - со оган;
  
49. го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки - одред зли ангели;
  
50. го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивни го предаде на помор;
  
51. уништи се што беше првородено во Египет, привините од нивниот труд во Храмовите населби.
  
52. Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустињата:
  
53. ги водеше сигурно, и тие не се уплашија; непријателите нивни ги покри морето -
  
54. и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила;
  
55. и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со жреб во нивно наследство, и ги насели Израилевите колена во полињата нивни.
  
56. Но Ти го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови.
  
57. Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак.
  
58. Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа.
  
59. Бог го чу тоа, ги презре и многу го понизи Израилот;
  
60. ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Он ме у лу ето;
  
61. и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот;
  
62. па го предаде Својот народ на меч и го презре Своето наследство.
  
63. Момчињата нивни оган ги голташе, и за девиците нивни немаше брачни песни;
  
64. свештениците нивни па аа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани.
  
65. Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан,
  
66. и го порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам.
  
67. И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефермово,
  
68. туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби.
  
69. И изгради светилиште Свое како небото и како земјата го утврди за секогаш,
  
70. и го избра Давида својот слуга, го зеде од овчите стада,
  
71. и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јакова, и Израилот, наследството Негово.
  
72. И Он ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES