Bible Study: FrontPage




 

Откровение, Chapter 14

Bible Study - Откровение 14 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Погледнав и, ете, видов како Јагнето стои на гората Сион, а со него сто четириесет и четири илјади, кои на своите чела го имаа напишано Неговото име и името на Неговиот Татко.
  
2. И чув глас од небото, како шум на многу води и како татнеж од силен гром, а звукот што го чув беше како од харфисти кои свират на своите харфи.
  
3. Тие пееја нова песна пред престолот, пред четирите живи суштества и пред старешините, и никој не можеше да ја научи песната, освен оние сто четириесет и четирите илјади кои беа откупени од земјата.
  
4. Тоа се оние кои не се осквернија со жени; имено, тоа се девственици. Тие одат по Јагнето, каде и да оди. Тие се откупени меѓу луѓето, како првина на Бог и на Јагнето,
  
5. и лага не се најде во нивната уста; тие се непорочни.
  
6. Bидов и друг ангел како лета сред небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата, на секој народ, племе, јазик и род.
  
7. Тој изговори со силен глас: "Бојте се од Бог и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создаде небото и земјата, морето и водните извори.
  
8. Дојде и втор ангел по него, велејќи: "Падна, падна големиот Bавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство."
  
9. И трет ангел дојде по него, велејќи со силен глас: "Ако некој му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими белег на своето чело или на својата рака,
  
10. и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е неразредено во чашата на Неговата јарост, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето.
  
11. А димот од нивното мачење ќе се издига во вечни векови; и оние кои му се поклонуваат на ѕверот и на неговата икона, и оној кој го прима белегот на неговото име не ќе имаат спокојство ни дење ни ноќе."
  
12. Bо тоа е трпението на светиите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.
  
13. Потоа чув глас од небото, што ми велеше: "Напиши: Блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! 'Да, - вели Духот -, за да починат од своите трудови, зашто нивните дела одат по нив.'
  
14. Потоа погледнав и видов бел облак, а на облакот седеше Еден, сличен на Синот Човеков, со златна круна на главата и со остар срп во раката.
  
15. И еден друг ангел излезе од храмот и му викна со силен глас на Оној Кој седеше на облакот: "Испрати го својот срп и жнеј, зашто дојде твојот час за жнеење и зашто зрела е жетвата на земјата."
  
16. А оној кој седеше на облакот, замавна со српот на земјата, и земјата беше пожнеана.
  
17. Излезе и друг ангел од храмот што е на небото, и имаше остар срп.
  
18. И трет ангел, кој имаше власт над огнот, дојде од кај жртвеникот, и извика со силен глас кон оној кој имаше остар срп: 'Испрати го својот остар срп и обери ги гроздовите од земното лозје, зашто грозјето е веќе зрело.'
  
19. И ангелот замавна со својот срп на земјата, и го обра земното лозје, па обраното го фрли во големото гмечало на Божјиот гнев.
  
20. Гмечењето се изврши надвор од градот, а од гмечалото потече крв до уздите на коњите, во должина од илјади и шестотини стадии.


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES