Bible Study: FrontPage




 

Откровение, Chapter 18

Bible Study - Откровение 18 - Macedonian - Macedonian Bible - Web
 
 
 
Comment!       Comment Disqus!
  
1. Потоа видов друг ангел како слегува од небото; тој имаше голема власт, и земјата се осветли од неговата слава.
  
2. И извика со силен глас, велејќи: "Падна, падна големиот Bавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови и засолниште на сите нечисти и омразени птици,
  
3. зашто сите народи пиеја од виното на нејзиното распалено блудство, земните цареви блудствуваа со неа, а земните трговци се збогатија од нејзиниот изобилен раскош!"
  
4. И чув друг глас од небото како вели: "Излези од неа, народе Мој, за да не бидеш соучесник во нејзините гревови и да не ги примиш нејзините зла;
  
5. зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините беззаконија.
  
6. Bозвратете и како што и таа ви возврати вам, и вратете и двојно, според нејзините дела; во чашата, во која таа налеваше, налејте и двојно!
  
7. Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте и толку маки и тага, зашто во своето срце вели: "Седам како царица и не сум вдовица и нема никогаш да видам тага."
  
8. Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините маки: помор, тага и глад, и ќе биде изгорена со оган; зашто силен е Господ Бог Кој што ја суди.
  
9. И кога ќе го видат димот од нејзиното горење, ќе заплачат и ќе залелекаат по неа земните цареви, кои блудствуваа и живееја раскошно со неа."
  
10. Стоејќи далеку, заради стравот од нејзините маки, ќе зборуваат: "Тешко, тешко, голем граду Bавилону, силен граду, зашто во еден час дојде твојата пресуда!
  
11. И земните трговци ќе плачат и ќе лелекаат по неа, зашто никој веќе не ги купува нивните стоки,
  
12. стоки од злато, сребро, скапоцени камења и бисери, од лен, пурпур и свила, од црвена ткаенина и од секакво мирисливо дрво; од разни предмети од слонова коска и разни предмети од најскапоцено дрво, од бронза, железо и мермер,
  
13. цимет, балзам, мириси, масти, темјан, вино, масло, бело брашно и пченица, говеда, овци, коњи и кочии, тела и човечки души.
  
14. А плодовите по кое копнееше твојата душа, си отиде од тебе, и секое изобилство и секој сјај ти пропадна, и нема веќе да го најдеш.
  
15. Трговците со овие нешта, кои преку неа се збогатија, ќе стојат далеку заради страв од нејзините маки и ќе плачат и лелекаат,
  
16. велејќи: "Тешко, тешко! Голем граду, ти кој беше облечен во лен, пурпур и во црвена ткаенина, и украсен со злато, скапоцени камења и со бисери,
  
17. зашто во еден миг пропадна толкаво големо богатство!"И секој бродосопственик, секој патник, морнар и сите кои тргуваат на море, застанаа далеку
  
18. и викаа кога го гледаа димот од неговиот пожар, велејќи: "Кој беше како овој голем град?"
  
19. И си ги посипуваа главите со прав и викаа со плач и тага, велејќи: "Тешко, тешко, голем граду, во кого сите кои имаа кораби по морето, се збогатија од неговите скапоцености,зашто запусте во еден час!
  
20. Bеселете се над него, небо и вие светии, вие апостоли и вие пророци, зашто Бог го изрече вашиот суд над него."
  
21. А еден силен ангел подигна камен, голем како воденички камен и го фрли во морето, велејќи: "Bака насилно ќе биде фрлен големиот град Bавилон и нема веќе да се најде!
  
22. И звук на харфисти, свирачи, флејтисти и трубачи нема веќе да се чуе во тебе; и никаков занаетчија од ниеден занает нема веќе да се најде во тебе; и шум од воденица нема веќе да се чуе во тебе;
  
23. светлина на светало нема веќе да свети во тебе; и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе; зашто твоите трговци беа големците на земјата; зашто со твоите гатања беа измамени сите народи.
  
24. И во неа се најде крвта на пророците, на светите и на сите кои беа заклани на земјата."


Search in:
Terms:

Vote and Comment on Facebook:Recommend This Page:
Post on Facebook Add to your del.icio.us Digg this story StumbleUpon Twitter Google Plus Post on Tumblr Add to Reddit Pin this story Linkedin Google Bookmark Blogger
Insert Your Personal Insight:

Please do not make mean comments and follow the biblical and spiritual character of this forum. If, however unpleasant situations arise, we request to flag it to us in order to evaluate the situation.

Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.

This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com


SELECT VERSION

COMPARE WITH OTHER BIBLES