|
|
Откровение, Chapter 5
1. И видов свиток во десницата на Оној Кој седеше на престолот испишан однатре и однадвор и запечатен со седум печати.
2. И видов моќен ангел како објавува со силен глас: "Кој е достоен да го отвори свитокот и да ги скрши неговите печати?"
3. И никој, ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, не можеше да го отвори свитокот, ниту да погледне во него.
4. А јас почнав да плачам многу, зашто не се најде никој достоен да го отвори и да го прочита свитокот, ниту да погледне во него.
5. Тогаш еден од старешините ми рече: "Не плачи, ете, надвладеа Лавот од јудиното племе, давидовиот корен, па може да го отвори свитокот и неговите седум печати.
6. И ете, видов, меѓу престолот (со четирите живи суштества) и старешините, Јагне што беше како заклано, со седум рогови и седум очи; тоа се седумте Божји Духови, пратени по целата земја.
7. И дојде и го зеде свитокот од десницата на Оној Кој седеше на престолот.
8. И кога го зеде свитокот, четирите живи суштества и дваесет и четирите старешини паднаа пред Јагнето, а секој од нив имаше харфа и златни садови, полни со темјан, имено молитвите на светиите.
9. И пееја нова песна, велејќи: "Достоен си да го земеш свитокот и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и зашто со Својата крв ги откупи за Бога, од секое племе и јазик, род и народ,
10. и ги направи да бидат царство и свештеници на нашиот Бог, и тие ќе владеат на земјата."
11. И видов и чув глас од многу ангели околу престолот, и од живите суштества и старешините, чиј број беше десетици илјади по десетици илјади и илјадници илјади,
12. кои зборуваа со силен глас: "Достојно е Јагнето Кое беше заклано, да прими моќ, богатство, мудрост, сила, чест, слава и благослов."
13. И го чув секое создание кое е на небото, на земјата, под земјата, во морето и сè што е во нив, како зборува: "На Оној Кој седи на престолот и на Јагнето, благослов, чест, слава и власт за вечни векови!"
14. Четирите живи суштества рекоа: "Амин!", а дваесет и четирите старешини паднаа ничкум и се поклонија.
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|