|
|
Песна над песните, Chapter 5
1. Возљубениот: Дојдов во градината своја, сестричке невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки до мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и насиете се, мили мои!
2. Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот возљубен, кој чука: "Отвори ми сестро, мила моја гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја - со нокна влага.
3. Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измил нозете свои, како да ги валкам?"
4. Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него.
5. Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз држката од клучалката.
6. Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душата ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше.
7. Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваа градот, ме натепаа, ме изнаранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа sидиштата.
8. Ве заколнувам, керки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, кажете му, дека изнемошувам од љубов.
9. Хорот: Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава ме у жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така не заколнуваш?
10. Возљубената: Мојот возљубен е бел и румен, избран ме у десет иљади други;
11. главата негова - чисто злато; кадрите негови - брановидни, црни како гавран;
12. очите негови - како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни;
13. образите негови - ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови - кринови од кои капе чиста смирна;
14. рацете негови - златни валци, опсипани со топази; стомакот негов - како сад од слонова коска, обложен со сафири;
15. нозете негови - мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар;
16. устата негова - сладост, и целиот тој е пожелен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, керки ерусалимски.
17. Хорот: Каде отиде твојот возљубен, о, најубава ме у жените? Каде скришна твојот возљубен? Ние ке го побараме со тебе.
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|