|
|
Захарија, Chapter 12
1. Пророчко слово од Господа за Израилот. Господ, Кој го распна небото и ја основа земјата и му создаде на човекот дух, кој е во него, вели:
2. ете, Јас ке го направам Ерусалим како чаша за опивање на сите народи околни, а исто така и за Јуда во времето на ерусалимската опсада.
3. Во оној ден ке го направам Ерусалим како тежок камен за сите племиња; сите што ке го подигаат, ке се искилават, а ке се соберат против него сите народи земни.
4. Во оној ден, вели Господ, Јас ке го поразам секој коњ со лудост, а коњаникот негов - со безумие, додека врз домот Јудин ке ги отворам очите Свои; секој коњ пак, при народите ке го празам со слепило.
5. Тогаш кнезовите Јудини ке речат во срцата свои: моја сила се жителите на Ерусалим во Господа Саваот, нивниот Бог.
6. Во оној ден Јас ке ги направам кнезовите Јудини како запален јаглен ме у дрва и како огнено светило ме у снопови; тие ке ги истребат сите околни народи, и од десната и од левата страна, и Ерусалим ке биде одново населен на своето место - во Ерусалим.
7. И Господ ке ги спаси најнапред шаторите на Јуда, така што величието на домот Давидов и величието на ерусалимските жители да не се издига над Јуда.
8. Во оној ден Господ ке ги брани жителите на Ерусалим, и најслабиот ме у нив во оној ден ке биде како Давид, а домот Давидов ке стане како Божји дом, како ангел Господен пред нив.
9. Во оној ден ке ги истребам сите народи, што го напа аат Ерусалим.
10. А врз домот Давидов и врз жителите ерусалимски ке излијам дух на благодат и милост, и тие ке погледаат на Него, Кого тие го прободоа, и ке плачат за Него, како што се плаче за еднороден син, и ке жалат како што се жали за првороден.
11. Во оној ден ке се крене голем плач во Ерусалим, како плач на Хададримона во долината Мегидон.
12. И ке плаче земјата, секое племе посебно; племето на домот Давидов, и жените нивни одделно;
13. племето на Левија одделно, и жените нивни одделно; племето Симеоново одделно, и жените нивни одделно;
14. и сите други племиња, секое племе одделно, и жените нивни одделно.
|
|
Text source: This text is in the public domain, downloaded from http://www.unboundbible.org, compiled by biblephone2008@gmail.com.
|
| |
| This project is based on delivering free-of-charge the Word of the Lord in all the world by using electronic means. If you want to contact us, you can do this by writing to the following e-mail: bible-study.xyz@hotmail.com |
|
|
|
SELECT VERSION
COMPARE WITH OTHER BIBLES
|
|